Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Полските политички бегалци ја напуштиле Унгарија

11 May 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • По промената на власта во Будимпешта, поранешниот полски министер за правда Збигњев Зјобро и неговиот заменик Марчин Романовски ја напуштиле Унгарија која им даваше политички азил од судско гонење во нивната земја во врска со обвиненија за криминал.
  • Новиот унгарски премиер Петер Маѓар, кој завчера официјално ја презеде функцијата, најави дека ќе ја укине заштитата што поранешната влада на Виктор Орбан им ја даваше на странски функционери и политичари обвинети за криминал.
  • Зјобро во Полска се соочува со 25 години затвор во врска со обвиненија за злоупотреба на моќ и пари. Обвинителите тврдат дека пренасочил 40 милиони евра од фонд за жртви на насилство за да купи израелски софтвер за надзор Пегасус за таргетирање на политичките противници.
  • Актуелниот министер за правда Валдемар Журек потврди дека Зјобро во саботата бил забележан на меѓународниот аеродром во Њу Џерси и најави дека Варшава официјално ќе побара од САД негова екстрадиција. Неговиот соработник Романовски уште во април го напуштил својот стан во Будимпешта.
  • Зјобро ги отфрла обвиненијата и тврди дека е жртва на политички прогон. „Подготвен сум да се појавам пред кој било независен суд, а американскиот е секако независен. Ако сакаат, можат да покренат екстрадиција, но тоа е тешка постапка во американските судови“, изјави Зјобро. 
извор

Д-р Даниловски: Хантавирусот е новата суровина за глобалната индустрија на страв

10 May 2026
  • Share
  • Post
  • Доволен беше еден изолиран настан на крузер во Јужниот Атлантик за интернет-просторот повторно да експлодира со апокалиптични сценарија, „предвидувања“, мистериозни објави од минатото, сомнежи за глобални агенди и рециклирани теории за контрола на човештвото.
  • Речиси по автоматизам, повторно почнаа да циркулираат истите зборови: пандемија, контрола, депопулација, mRNA, „1984“... Како да постои готов шаблон што се активира секогаш кога во медиумите ќе се појави името на некој вирус.
  • Во меѓувреме, јавноста постепено престанува да прави разлика меѓу епидемиологија и алгоритамски произведен страв.
  • Истовремено, постојат реални причини за внимателност. Скопје и други средини се соочуваа со сериозни проблеми со отпадот. Контејнери преполни со денови. Купишта смет покрај улици. Расфрлан органски отпад. Диви депонии. Таквите услови неизбежно создаваат средина погодна за експанзија на популацијата на стаорци и глувци, потенцијален резервоар за повеќе инфективни заболувања, вклучително и хантавирусните инфекции.

  • Прагот на летото е момент кога институциите треба сериозно да пристапат кон дератизација, дезинфекција, санитарен надзор, урбана хигиена, контрола на дивите депонии, предупредува доктор Драган Даниловски.

извор

Хегсет ја исправа неправдата за војниците што одбиле ковид-вакцина

9 May 2026
  • Share
  • Post
  • Министерот за одбрана Пит Хегсет најави дека ќе им бидат вратени сите привилегии на припадниците на оружените сили на САД кои биле принудени да ја напуштат службата затоа што одбиле да се вакцинираат против ковид.
  • Поранешната администрација на Џо Бајден во 2021 година нареди задолжително вакцинирање на сите припадници на воените сили. Во текот на 500 дена, до 2023 година, биле отпуштени или поттикнати да дадат отказ повеќе од 8.000 лица кои одбиле да се вакцинираат.
  • Една недела откако го почна вториот мандат, Доналд Трамп со извршна наредба ги поништи отпуштањата и ги покани вработените да се вратат на служба. До април се вратиле 170, а уште 800 изразиле намера да се вратат.
  • Нова работна група ќе ја разгледува секоја штета што Пентагон им ја предизвикал на вработените. Ќе се испитува случај по случај дали одбивањето на вакцинација на кој било начин им наштетило на кариерите. Дури и ако немаат намера да се вратат на служба, Пентагон ќе им обезбеди начин да ги обесштети поради скратените бонуси или заслужените бенефиции.
  • „Се заколнавте дека ќе го штитите Уставот и ќе ѝ служите на нашата нација. Бевте малтретирани од Пентагон во времето на Бајден и ние ја поправаме таа неправда“, изјави Хегсет.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Д-р Даниловски: Хантавирусот е новата суровина за глобалната индустрија на страв

2

Од вселената се гледа колку брзо тоне Мексико Сити

Урбан
3

Колкава е Партизанска?

Разно
4

Свет цел разбере да

Македонштина
5

ЕУ ќе изгуби 370 милијарди евра ако се откаже од кинеска техника

Свет
6

Пар песни за Циги

Разно
7

120 години немаа ни еден трофеј, сега во 1 година на прагот од 3 пехари

8

Кринџотека

Разно
1

Д-р Даниловски: Хантавирусот е новата суровина за глобалната индустрија на страв

2

Од вселената се гледа колку брзо тоне Мексико Сити

Урбан
3

ЕУ ќе изгуби 370 милијарди евра ако се откаже од кинеска техника

Свет
4

Дечкото кој убедува по 200 мажи дневно дека е девојка која им прави муабет

Работа
5

Во живо: Скромна воена парада во Москва на Денот на победата

6

Доаѓа нова финансиска криза

Бизнис
7

Шведска ќе им става алки на деца за да ги извлече од криминал

Свет
8

Хегсет ја исправа неправдата за војниците што одбиле ковид-вакцина

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Свет цел разбере да

Разно

Колкава е Партизанска?

Балканштина

Така ќе биде уште долго време

Балканштина

Дедо и неговата внука

Разно

Некогаш стварно зборуваме со ист јазик

Разно

Кадровските критериуми на Јосип Броз Тито

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Во ерата на навреди, никој не е поштеден

Аман, не ги бранете

Несоницата со јаве се избива

Кога успехот (во школото) води кон пораз (во животот)

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy