Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Хегсет ја исправа неправдата за војниците што одбиле ковид-вакцина

9 мај 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Министерот за одбрана Пит Хегсет најави дека ќе им бидат вратени сите привилегии на припадниците на оружените сили на САД кои биле принудени да ја напуштат службата затоа што одбиле да се вакцинираат против ковид.
  • Поранешната администрација на Џо Бајден во 2021 година нареди задолжително вакцинирање на сите припадници на воените сили. Во текот на 500 дена, до 2023 година, биле отпуштени или поттикнати да дадат отказ повеќе од 8.000 лица кои одбиле да се вакцинираат.
  • Една недела откако го почна вториот мандат, Доналд Трамп со извршна наредба ги поништи отпуштањата и ги покани вработените да се вратат на служба. До април се вратиле 170, а уште 800 изразиле намера да се вратат.
  • Нова работна група ќе ја разгледува секоја штета што Пентагон им ја предизвикал на вработените. Ќе се испитува случај по случај дали одбивањето на вакцинација на кој било начин им наштетило на кариерите. Дури и ако немаат намера да се вратат на служба, Пентагон ќе им обезбеди начин да ги обесштети поради скратените бонуси или заслужените бенефиции.
  • „Се заколнавте дека ќе го штитите Уставот и ќе ѝ служите на нашата нација. Бевте малтретирани од Пентагон во времето на Бајден и ние ја поправаме таа неправда“, изјави Хегсет.
извор

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

1 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
  • Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
  • Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
извор

Заради Трамп, масовно се купуваат словенечки домени

1 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
  • Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
  • Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти. 
  • Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари. 
  • Толку е веста. Легни.си.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Мадона сè повеќе личи на Добрила Чабриќ

Онака
2

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

3

Дарко Панчев ја подари прочуената Златна копачка во музејот на Ѕвезда

Фудбал
4

Роналдо се огласи по напуштањето на репрезентацијата

Фудбал
5

Квалификации

Балканштина
6

Елитно ментално

Забава
7

Размислете за храната

Медиуми
8

Пратете му на некој со BMW

Онака
1

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

2

АНБ со мирис на УДБА

3

Почина Биљана Плавшиќ

4

Пентагон покани само шест сојузници на разговори за иднината на НАТО

5

Маск ќе ја крои иднината на војувањето

Свет
6

Младината од ридовите граба палестински територии

Свет
7

Германија го признава гревот кон Западен Балкан

8

САД сакаат да ја жртвуваат Европа

Мислења
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Балканштина

Квалификации

Медиуми

Размислете за храната

Балканштина

Секој има ваков пријател

Медиуми

Како бре дете се судрило со Ауди???

Балканштина

Техничка поддршка за „Блокадери“

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Не можеш да бидеш и панкер и естаблишмент

Зошто ние не сме РТС

Падна и Луи СиКеј

Научникот кој ги одбрани мастите

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy