Д-р Даниловски: Хантавирусот е новата суровина за глобалната индустрија на страв
10 May 2026
- Доволен беше еден изолиран настан на крузер во Јужниот Атлантик за интернет-просторот повторно да експлодира со апокалиптични сценарија, „предвидувања“, мистериозни објави од минатото, сомнежи за глобални агенди и рециклирани теории за контрола на човештвото.
- Речиси по автоматизам, повторно почнаа да циркулираат истите зборови: пандемија, контрола, депопулација, mRNA, „1984“... Како да постои готов шаблон што се активира секогаш кога во медиумите ќе се појави името на некој вирус.
- Во меѓувреме, јавноста постепено престанува да прави разлика меѓу епидемиологија и алгоритамски произведен страв.
-
Истовремено, постојат реални причини за внимателност. Скопје и други средини се соочуваа со сериозни проблеми со отпадот. Контејнери преполни со денови. Купишта смет покрај улици. Расфрлан органски отпад. Диви депонии. Таквите услови неизбежно создаваат средина погодна за експанзија на популацијата на стаорци и глувци, потенцијален резервоар за повеќе инфективни заболувања, вклучително и хантавирусните инфекции.
-
Прагот на летото е момент кога институциите треба сериозно да пристапат кон дератизација, дезинфекција, санитарен надзор, урбана хигиена, контрола на дивите депонии, предупредува доктор Драган Даниловски.