За шест години 604 деца жртви на сексуална злоупотреба
30 April 2026
- Анализата на Народниот правобранител за сексуалната злоупотреба на деца во Македонија покажува алармантни податоци и укажува на сериозни системски слабости.
- Во периодот 2020–2024 година се евидентирани 508 случаи на сексуална злоупотреба на деца. Само во 2025 година регистрирани се уште 96 деца жртви, со што вкупниот број за шестгодишниот период достигнува 604 жртви.
- Најголем дел од случаите се однесуваат на тешки кривични дела, како силување на дете под 15 години (186 случаи) и полов напад и силување (99 случаи).
- Од вкупниот број на жртви во периодот 2020–2024 година, 455 се девојчиња (околу 90%), а 53 се момчиња (околу 10%). Во текот на 2025 година, евидентирани се 96 деца жртви на кривични дела против половата слобода, од кои 88 девојчиња и 8 момчиња, при што најчесто регистрирано кривично дело било силување на дете под 15 години, пренесува Дојче Веле.