Затвора „Седмица“ кај Грчка амбасада
30 April 2026
- После речиси 40 години, затвора првиот легендарен дуќан на сендвичарница „Седмица“.
- Грчкиот конзулат од карши, со текот на времето стана амбасада а Седмица не го смени концептот и вкусот со кој се баждареа генерации скопјани.
- Имаа падови и подеми но некои работи останаа фикс: брза услуга, пристојни цени и обилен хамбургер (плескавица, помфрит, „кечапмајонез“) со кој, кога ќе сфатиш дека си најаден, истовремено сфаќаш и дека допрва стигнуваш до пљеската.
- Седмица останува еталон за добар, старовремски сендвич со плескавица, наспроти модерните бургери кои одат во височина, со доградби и дивоградби за чие опфаќање човек треба да има вилица ко на крокодил.
- „Со среќа понатаму и благодарам за сите спомени од младоста“, пишуваат скопјани.