Врховен суд: Камчев нема право на 1,5 милиони евра во „Рекет“
30 April 2026
- Петмина врховни судии пресекле дека бизнисменот Јордан Камчев нема право да бара милион и пол евра како надомест за штета во предметот „Рекет“ во граѓанска постапка.
-
Камчев во 2022 ги тужеше Катица Јанева, Бојан Јовановски, Зоран Милевски Кичеец и поранешното СЈО oд кои бараше солидарно да му ги вратат парите што ги дал како рекет.
-
Подоцна се откажа да го тужи Зоран Милевски Кичеец.
-
Во образложението на пресудата на Врховниот суд пишува дека Камчев во „Рекет“ не е оштетен. Тој како тужител се впуштил во „морално недопуштено договарање со тужените“ да дава пари за да се спаси од притвор во предметот „Империја“ и затоа нема право да ги бара парите што ги дал.
-
„Кога двете страни се несовесни, ниту една од нив не може да го поврати назад даденото“, стои во пресудата.