- САД и Иран ја разгледуваат можноста да одржат нова рунда директни преговори за крај на војната, пред да заврши двонеделниот прекин на огнот.
- Како домаќин на новата рунда, веќе в четврток, повторно се спомнува Исламабад, но можна локација е и Женева.
- Американскиот потпретседател Џ. Д. Венс, кој ја предводеше американската делегација на првата рунда за време на викендот, ги отфрли критиките дека преговорите во Исламабад биле целосно неуспешни: „Не би рекол само дека работите тргнаа наопаку. Направивме голем напредок. Тие (Иранците) се движеа во наша насока, и затоа мислам дека имавме добри знаци, но не се приближија доволно блиску... Од Иранците зависи дали ќе го направат следниот чекор“, изјави Венс за Фокс њуз.
- Доналд Трамп вчера изјави дека Иранците телефонирале и дека „очајнички сакаат да постигнат договор“.
- Според извори запознаени со преговорите во Пакистан, САД наводно предложиле замрзнување на иранската нуклеарна програма од 20 години, што на среден рок би ја стивнало заканата од Иран, а на Техеран би му овозможило да претстави дека не се откажува целосно од своите нуклеарни амбиции.
- Населението на ЕУ ќе се намали за 11,7%, односно за 53 милиони, до крајот на овој век, покажуваат најновите проекции на Евростат.
- На крајот на 2025 година, ЕУ имала 451,8 милиони жители, повеќе отколку во претходната година. Населението, според проекциите, ќе продолжи да се зголемува уште три години, ќе го достигне врвот од 453,3 милиони во 2029 година, а потоа ќе почне да се намалува до 398,8 милиони во 2100 година.
- Проектираната пирамида на возраста покажува дека процентот на деца и млади (до 19 години) ќе се намали од 20% на 17%, а на работоспособните возрасни лица од 58% на 50%.
- Во 2100 година 17% од жителите на ЕУ ќе бидат на возраст од 65 до 79 години, а 16 ќе бидат постари од 80 години.
- Резултатите се базираат на проценки според моделите на плодност, морталитет и миграција.
- Претседателот Володимир Зеленски потпиша нов закон со кој антисемитизмот се прогласува за кривично дело во Украина, со казни до осум години затвор.
- Во членот за „кршење на еднаквоста на граѓаните врз основа на нивната раса, националност, религиозни верувања или попреченост“, сега е додадено и „манифестации на антисемитизам“.
- „Поттикнувањето антисемитизам“ сега ќе биде казниво со 200 до 500 „минимални приходи“ (660 до 1.600 евра), со условна казна од 5 години или затвор до три години. Ако притоа се констатираат насилство, измама и закани, казната е до 5 години затвор. Ако антисемитизмот е извршен од организирана група или ако има сериозни последици, казните се од 5 до 8 години затвор.
- Во 2021 година Украина усвои и посебен Закон за спречување и борба против антисемитизмот, во кој не беа предвидени затворски казни. За форми на антисемитизам беа дефинирани негирање на правото на самоидентификација на Евреи, повици за убиство или оправдување на убиство на Евреи или предизвикување штета поради радикални идеологии или екстремистички религиозни ставови.