САД и Иран разговараат за 45-дневно примирје
6 April 2026
- САД и Иран преку регионални посредници разговараат за 45-дневен прекин на огнот, за да се овозможат преговори за траен крај на војната. Преговорите ги водат претставникот Стив Виткоф и шефот на иранската дипломатија Абас Арагчи преку пакистански, египетски и турски посредници.
- Извори на Аксиос, запознаени со разговорите, велат дека се мали шансите за постигнување договор, но и дека ова е единствената шанса да се спречи драматична ескалација на војната со масовни напади врз иранската цивилна инфраструктура и одмазда врз енергетските капацитети и постројките за вода во земјите од Персискиот Залив.
- Трамп постави ултиматум до вторник до 20 часот да биде деблокиран Ормускиот проток. Ако не, САД ќе ја уништат иранската енергетска инфраструктура и мостовите. „Постои голема шанса, но ако не постигнат договор, ќе разнесам сè таму“, изјави Трамп за Аксиос.
- На заканата од Трамп за „пеколни напади“, Иранската револуционерна гарда возврати дека ситуацијата во Ормускиот теснец никогаш повеќе нема да биде како пред војната, особено за САД и Израел.