Ни во вселената не се наоѓа добар водоводџија
6 April 2026
- Астронаутите на Артемис II кои сега се наоѓаат поблиску до Месечината отколку до Земјата, се соочуваат со многу овоземен проблем: нужникот не им работи.
- Проблемите настанале веднаш по полетувањето а од тогаш тоалетот те работи, те не работи.
- Астронаутите пријавиле непријатен мирис а капетанот на посадата уверува дека се добро и дека се тренирани за разни предизвици.
- Дописни водоводџии на НАСА претпоставуваат дека мраз ја има заглавено одводната цевка.