Авторката на „Ѓаволот носи Прада“ за книгата, филмот и за вториот дел
2 March 2026
- „Главно беше година во која нонстоп ми се дереа,“ вели Лорен Вајсбергер за годината кога работела како асистентка на Ана Винтур во Вог, од која произлезе и романот „Ѓаволот носи Прада“.
- Книгата стана феномен, се претвори во филм и предизвика контроверзи - ширум светот луѓето ја сакаа, а на Менхетн, кругот на Ана Винтур се обиде да ја уништи. Вајсбергер ја сметале за неблагодарна, а книгата „може ја напишал перач на прозори“.
- Ана Винтур тогаш рече дека „се радува што ќе ја чита“ и го пофали филмот.