Интервју на Лионел Меси: „Пијам вино со спрајт, плачам на филмови, сакам да сум осамен“

Лионел Меси ретко низ кариерата давал отворени интервјуа, што поради тоа што самиот вели дека е затворен, што поради честата јазичка бариера со другите говорни подрачја. Сега во разговор за аргентинската стриминг-платформа Лузу ТВ Лео раскажува детали од својот приватен живот.

За осаменоста:

„Да бидам искрен, имам свои чудни особини. Можат да бидат неверојатно чудни. Навистина уживам да бидам сам, уживам кога сум сам. Вревата и гужвата дома со три деца кои трчаат наоколу понекогаш може да биде исцрпувачка, а јас уживам да поминувам време сам, во тишина“.

За психотерапија:

„Имав период кога прибегнував кон тоа. Го правев тоа во Барселона. А потоа престанав... Склон сум да чувам се во себе, да се носам сам со проблемите“.

За промената на карактер на терен:

„Станувам натпреварувачки настроен и напнат. Правам многу нешта а потоа се вртам и си помислувам: 'Каков идиот!'

За друштвените мрежи:

„Понекогаш ми се случува да сакам да отследам некого, но не го правам тоа зошто знам до што би можело да доведе...

Сите овие глупости имаат последици. Во таа смисла, тоа најмногу ме вознемирува од се. Не сакам да се расправа за мене во никој контекст освен за фудбал“.

За критиката:

„Секогаш сум зборувал дека во спортот сам себе сум најголем критичар. Знам кога се правам исправно а кога неисправно“.

За астрологија:

„Ја сум рак (во хороскоп). Но совршено не го разбирам тоа. Антонела знае повеќе за тоа. И нејзиниот татко е исто рак, имаме многу заеднички нешта и таа цело време не споредува“.

За романтика и емотивност:

„На тој план Антонела е далеку подобра од мене. Во еден момент таа дури и престана да биде романтична зошто мене не ми се допаѓа тоа. Јас бев многу... постуден. Додека не дојде момент кога ѝ кажав: 'Јас не сум таков како порано...' Сакам да правам луѓето кои ги сакам да се чувствуваат подобро и да бидат среќни. Не сум многу емотивен, но чувстителен сум. Понекогаш плачам додека гледам филмови. Особено оние основани на реални настани“.

За одржување ред:

„Не сакам кога ми ги тргаат работите, должен сум да знам каде што се наоѓа. Таков сум од детство. Исто и синовите Тиаго и Чиро“.

За танцување и алкохол:

„Не сакам алкохол, но за да заиграм ми треба малку да пивнам. Кога можам да пијам, пијам винол. Сакам вино со спрајт, за побрзо да ме фати (се смее). Во Барселона постојано некаде одев и луѓето се навикнаа на тоа. Практично се родив во Барселона, го поминав цел свој живот таму. Секогаш живеев на исти места, луѓето постојано ме гледаа така што тоа беше нормално.

Тука (во САД) исто имаме многу одмерен живот. Силно зависиме од децата, многу сме вклучени во нивните животи и распореди. Како што реков, тие завршуваат со часови, па ние одиме на тренинг“.

За патувањата во родниот Росарио:

„Го обожавам, сакам да одам за празници, да бидам таму. Но искрен да бидам, не излегувам многу од дома. Одам до кај мајка ми, до кај брат ми, но само од дома до дома. Ми се допаѓа тоа зошто сум со семејството, со другарите, со блиските. За мене тоа е најдобро нешто што може да биде. Посебно во декември. Знаете дека луѓето во тој период имаат друга енергија, друга е атмосферата. Декември е посветен на убавина. Лето (во Аргентина лето е од декември до февруари), горештина - многу го сакам тоа“.

За улогата на бизнисмен:

„Ме опкружуваат луѓе кои многу ми помагаат. Јас секогаш сум мислел само на фудбал. Но има моменти кога треба да се мисли и на друго. Ми се допаѓа што е тоа ново за мене. Мојот најблизок круг секогаш е истиот и тоа се луѓе кои работеле со мене од детство на кои многу им верувам. Ги набљудувам од страна“.

За вести и шоу бизнис:

„Сакам трачеви, како мајка ми сум која исто сака такви работи. Антонела не ги сака. Но сакам да бидам во тек со сите настани. Тоа ми е од мајка ми, таа е исто љубител на трачеви. Да може би одела на ЛАМ (аргентинско ток-шоу) со Анхел Де Брито“.

За јазичката бариера:

„Не знаење други јазици може да биде позбунувачки отколку што е. Се чувствувам чудно, не ми се допаѓа тоа. Иако мислам дека можам да зборувам англиски и да ме разберат“.

За вештачка интелегенција:

„Не, уште не ја разбирам... Антонела постојано зборува за тоа“.

За неговите специјални финти:

„Знам сè да правам. Но никогаш не ги користам, не ми се допаѓа тоа. Во детство повеќе правев финти. Но за време на натпреварите не правам такви финти“.

За иднината:

„Искрен да бидам не се гледам како тренер. Ми се допаѓа идејата да бидам менаџер, но ако треба да бирам, повеќе би сакал улога на сопственик. Можноста да се има свој сопствен клуб и да го развиваш, да почнеш од најниско, да им дадеш шанса на младите играчи и на другите луѓе можност да се развиваат и да направат нешто големо. Тоа најмногу од се ме привлекува“.

За потенцијални трофеи:

„Што уште можам да посакам? Бог ми даде и премногу дури и повеќе од што можев и да претпоставам. Се во свое време. Кога тоа изгледаше невозможно, дојдоа и победите со Аргентина, нешто што најмногу го сакав. Прво Копа Америка и си реков на себе: „Но јас веќе го освоив ова“, а потоа дојде Катар (Светско првенство 2022). Гестот кој го покажав кон семејството на трибините беше за тоа: „Тоа е тоа!“. Се што ќе биде понатаму доаѓа од горе. Бескрајно сум благодарен“.

8 January 2026 - 11:50