Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Гори фабрика за пластика „Нула отпад“ во Трубарево

13 September 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Висок столб од густ црн чад се крева источно од Скопје е пожар во фирмата „Нулта отпад“ во селото Трубарево, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов.
  •  „Преку бројот за итни повици Е-112 е добиена пријава за голем пожар во Општина Гази Баба, поточно во село Трубарево, каде што гори фабрика за пластични работи. Екипи од противпожарната бригада на Град Скопје се на веќе интервенираат за гаснење на пожарот“, изјави директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али.
  • „Има голем пожар во Трубарево, зафатени се отпадни материи, се гасне со повеќе екипи“ изјави Звонко Томевски, командир на Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје.
  • Бригадата претходно интервенирала и во гаснење на пожар во стара Цементара во Горно Лисиче.

извор

Трамп испраќа национална гарда во Мемфис

13 September 2025
  • Share
  • Post
  • Мемфис, Тенеси, ќе биде следниот американски град во кој претседателот Доналд Трамп ќе испрати припадници на Националната гарда за да „воведат ред“.
  • „Одиме во Мемфис. Мемфис е во длабоки проблеми“, порача Трамп, без да најави кога точно би ги испратил трупите. Тој претходно предупреди дека ќе нареди распоредување припадници на Националната гарда во Њу Орлеанс, Балтимор и Чикаго.
  • Градоначалникот на Мемфис, демократот Пол Јанг, изјави дека не побарал распоредување на војска. „Мислам дека тоа не е начин да се смири криминалот“, изјави Јанг, но најави дека заедницата би имала полза ако распоредувањето се спроведе на стратегиски начин: „Потребни ни се финансиски средства за интервенција и спречување, повеќе патролни офицери и поддршка“.
  • Според податоци на ФБИ, Мемфис е град со една од највисоките стапки на криминал во САД. На 100.000 жители има 2.501 случај на насилен криминал.
  • Трамп на 11 август нареди федералните власти да ја преземат контролата на Вашингтон ДК од градската полиција и ја активираше Националната гарда во главниот град на САД. Мерката со времетраење од 30 дена измина пред два дена, но се очекува федералните трупи да останат. Откако тие уапсија стотици осомничени лица, Трамп објави: „Вашингтон ДК сега е речиси ослободен од криминал“.
извор

НАТО го засилува источното крило

13 September 2025
  • Share
  • Post
  • Данска, Франција и Германија се првите членки на новата мисија на НАТО за зајакнување на источното крило, откако во средата дваесетина руски дронови навлегоа во воздушниот простор на Полска. Се очекува наскоро да се придружат и други членки.
  • Данска ќе учествува со авиони ф-16, како поддршка на полската авијација, а ќе испрати и борбен брод. Франција вети три авиони „рафал“, а Германија четири „еурофајтери“.
  • И САД ја поддржаа Полска пред Советот за безбедност на Обединетите нации. „САД ќе стојат цврсто против нашите сојузници од НАТО соочени со овие загрижувачки нарушувања на воздушниот простор. Бидете сигурни, ќе ја браниме секоја педа од територијата на НАТО, изјави амбасадорката во ОН“, Дороти Шеј.
  • Русија инсистира дека во рамките на операцијата во Украина не испратила дронови на територијата на Полска. „Максималниот дострел на дроновите употребени во нападот не надминува 700 километри, поради што физички не е возможно да стигнале до полска територија“, изјави амбасадорот во ОН Василиј Небензја. Тој истакна дека Москва е спремна да разговара со Варшава за ова прашање „ако полската страна навистина е заинтересирана да се смират тензиите, а не да се разгорат“.
  • Белорусија објави дека дроновите скршнале од својата траекторија откако им бил блокиран системот за наведување. Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нарушувањето на просторот „можеби било ненамерно“.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Ако не прашаш, како ќе знаеш?

Балканштина
2

Елмас си го бара назад голот кој му е ремек дело

Фудбал
3

Време е професорката (подитно) да си побара ПРОФЕСОР за часови

Македонски рулет
4

Осомничен предлог

Македонштина
5

Главчев потврди дека е рекетираниот бизнисмен

6

Сакаат да ме замолчат

Музика
7

Ќе се спаси ли Америка ако ги оданочи своите 800 милијардери?

Свет
8

Приведениот Тајлер Робинсон дома признал дека пукал во Кирк

1

Главчев потврди дека е рекетираниот бизнисмен

2

Ќе се спаси ли Америка ако ги оданочи своите 800 милијардери?

Свет
3

Приведениот Тајлер Робинсон дома признал дека пукал во Кирк

4

Мосад бил против нападот во Катар

Свет
5

Човекот навива за домашните животни

Животни
6

Гори фабрика за пластика „Нула отпад“ во Трубарево

7

Интернетот веќе не е во рацете на луѓето

Интернет
8

Почитувани деца, пеери, бонбончиња, многу сте јаки

Мислења
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Ако не прашаш, како ќе знаеш?

Македонштина

Осомничен предлог

Македонштина

Погодете кој „езерски бисер“ е ова?

Балканштина

Виенско педигре

Балканштина

Некои женски имаат среќа со партнерот

Балканштина

Поголем сељак немате видено

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Бидете штурец

Како на некои Британци им тргна во животот

Добро што немаме Нуклеарна

Рецепт за идеално лоша држава

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2025 off.net.mk |  Privacy Policy