Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Стотина училишта веќе се затворени, може да се пренаменат и во старски домови

20 July 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Околу 100-на училишта се веќе затворени во 20 општини во Македонија.
  • Министерката за образование и наука, Весна Јаневска во интервју за РСЕ на прашањето колку училишта ќе бидат затворени со оптимизацијата и дали е направено анализа, во колку училишта има малку деца, дава совет до градоначалниците да ги пренаменат училиштата во старски дом или можеби во некакови клубови.
  • Затворање на училишта е пресериозен аларм за самата држава и за креаторите на политиките, вели просветниот инспектор во пензија, Ѓорѓи Илиевски. Според него, изјавата на министерката за затворање на училишта и нивна пренамена е избрзана.
извор

Убиени 85 луѓе што чекале храна во Газа

21 July 2025
  • Share
  • Post
  • 85 Палестинци биле убиени во обид да добијат храна во Газа во неделата. Уште 150 биле ранети. Ова е најкрвавиот биланс на загинати покрај центри за дистрибуција на хуманитарна помош откако пред 21 месец почна израелската воена интервенција.
  • 79 луѓе биле убиени близу граничниот премин Зиким, низ кој поминале 25 камиони со помош. Претставник на Обединетите нации изјави дека израелските трупи отвориле оган врз луѓето што настојувале да грабнат храна од конвојот.
  • „Нè опколија тенкови и почнаа пукотници и експлозии. Нема да се вратам. Нека умреме од глад, подобро е“, изјавил Ехаб ал-Зеи, кој чекал да земе брашно.

Gazze Gaza...#Genocide #Hamas #FreePalestine #Palestine #TerroristIsrael #terroristzionists #ABD pic.twitter.com/rMHTj7RGMy

— ulü’l-elbâb / قُلْ (@ebseite) July 21, 2025
  • Израелските одбранбени сили потврдија дека војници пукале врз „илјадници Палестинци што претставувале закана“ и дека притоа имало жртви. Одговорноста ја префрлија врз „милитанти од Хамас што создале хаос“.
  • Уште шест Палестинци биле убиени кај друг центар за дистрибуција на храна кај Рафа. Израел повторно нареди евакуација на централниот дел на Газа, каде што досега немаше копнени трупи и каде што беа концентрирани центрите за дистрибуција на храна и хуманитарна помош за Палестинците.

What are we even watching? A famine? A war crime? A slow-motion execution?
A sea of starving people packed like sardines, clutching empty pots, herded toward food like cattle.
This is happening in 2025, on camera & live.@POTUS @EmmanuelMacron @Keir_Starmer @DavidLammy… pic.twitter.com/BOAc8qfaFP

— Hala Jaber (@HalaJaber) July 19, 2025
извор

Само 16% од Италијанците со оружје би ја бранеле татковината

20 July 2025
  • Share
  • Post
  • Секој трет Италијанец е убеден дека неговата земја директно ќе биде вклучена во војна до крајот на оваа деценија, но само 16% се спремни да ја бранат татковината со оружје, покажува анкета на ЦЕНСИС.
  • Во случај на воен судир, 39% од Италијанците на возраст од 18 до 45 години би се декларирал за пацифист, а 19% би се обиделе на други начини да избегнат регрутација. 26% се произвеле за Италија да војуваат платеници од странство.
  • Зголемувањето на трошоците за одбрана на 5% од БДП го поддржуваат 25% од Италијанците.
  • 11% би сакале Италија да има нуклеарно оружје, како поефикасно средство за одвраќање непријатели.
  • Во контекст на актуелните војни, мнозинството се за неутралност на Италија. За војната во Украина 33% се на страната на Киев, а 5% се за Москва. За она на Блискиот Исток, 21% ги поддржуваат Палестинците, а 9% Израел.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

До петок ќе побара национална пензија

Македонштина
2

Примивте ли Фајзер и гледате ли добро?

Здравје
3

Крајот на Зеленски?

Мислења
4

Сашко Кедев стана прв Македонец кој ги освои сите 14 врвови над 8.000 метри

Разно
5

Па ова лесно било

Балканштина
6

Стотина училишта веќе се затворени, може да се пренаменат и во старски домови

7

Откако во Хрватска му откажаа концерт на Бајага, Рамбо сам го откажа својот

8

И ние би вдомиле куче

Балканштина
1

Примивте ли Фајзер и гледате ли добро?

Здравје
2

Крајот на Зеленски?

Мислења
3

Стотина училишта веќе се затворени, може да се пренаменат и во старски домови

4

Откако во Хрватска му откажаа концерт на Бајага, Рамбо сам го откажа својот

5

Прво квантно телепортирање преку интернет

Наука
6

Кина гради центри за ВИ на морското дно

Технологија
7

Британија со биткоини ќе ја пополнува дупката во буџетот

Бизнис
8

Тивка револуција се случува во математиката

Наука
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Сте немале вие ваков зорт

Македонштина

До петок ќе побара национална пензија

Балканштина

И ние би вдомиле куче

Балканштина

Па ова лесно било

Македонштина

Со постот се претера

Балканштина

Викендо

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Анима мунди на српски начин

Тито & Киро гоус ту Холивуд

Погледнете колку луѓе умреа од предозираност со марихуана

Финално родителско CV

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2025 off.net.mk |  Privacy Policy