Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Само 16% од Италијанците со оружје би ја бранеле татковината

20 July 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Секој трет Италијанец е убеден дека неговата земја директно ќе биде вклучена во војна до крајот на оваа деценија, но само 16% се спремни да ја бранат татковината со оружје, покажува анкета на ЦЕНСИС.
  • Во случај на воен судир, 39% од Италијанците на возраст од 18 до 45 години би се декларирал за пацифист, а 19% би се обиделе на други начини да избегнат регрутација. 26% се произвеле за Италија да војуваат платеници од странство.
  • Зголемувањето на трошоците за одбрана на 5% од БДП го поддржуваат 25% од Италијанците.
  • 11% би сакале Италија да има нуклеарно оружје, како поефикасно средство за одвраќање непријатели.
  • Во контекст на актуелните војни, мнозинството се за неутралност на Италија. За војната во Украина 33% се на страната на Киев, а 5% се за Москва. За она на Блискиот Исток, 21% ги поддржуваат Палестинците, а 9% Израел.
извор

Трамп бара 10 милијарди отштета од Мардок за „клеветите“ за Епстин

19 July 2025
  • Share
  • Post
  • Доналд Трамп ги тужи за клевета својот долгогодишен пријател Руперт Мардок и неговиот весник Волстрит џурнал поради текст во кој се тврди дека Трамп му испратил писмо со нацртана гола женска на педофилот Џефри Епстин.
  • Трамп бара рекордно висока отштета од 10 милијарди долари од Мардок и двајцата автори на сторијата - новинарите Хадиџа Сафдар и Џо Палацоло.

  • WSJ пишува дека за 50-от роденден на Епстин во 2003 година Трамп му испратил честитка, која своерачно ја украсил со „сексуално сугестивен цртеж на гола женска“. Честитката во албумот ја чувала Гислејн Максвел, сопругата на Максвел која му помагала за да го одржува синџирот на нудење сексуални услуги на малолетнички на истакнати клиенти. Максвел отслужува казна од 20 години затвор, а Епстин се „самоуби“ во мистериозни околности во ќелија.
  • Трамп тврди дека наводната честитка е лажна. Тој го предупредил Мардок, сопственик на новинската империја во која е и WSJ, да не го објавува.
  • Тајкунот Мардок му е долгогодишен пријател на Трамп и пред само една недела беше покрај него во гостинската ложа на финалето на светското клупско првенство во фудбал. Сопственик е на Фокс њуз, омилениот телевизиски канал на Трамп.
извор

Словенија легализираше потпомогнато самоубиство

19 July 2025
  • Share
  • Post
  • Парламентот на Словенија усвои закон за потпомогнато самоубиство, откако оваа мерка лани ја поддржаа мнозинството граѓани на референдум.
  • Законот им дава право на свесни пациенти што тешко страдаат од неизлечиви болести да побараат асистенција да си го завршат животот. Ова не се однесува на пациенти од ментални болести. Претходно треба да бидат исцрпени сите опции за медицинско лечење.
  • Еутаназијата - смрт од раката на негувателот на барање на пациентот, останува забранета.
  • На референдумот лани 55% од гласачите во Словенија поддржаа право на потпомогното самоубиство. Парламентот го усвои законот со 50 наспроти 34 гласа.
  • Швајцарија и Австрија одобрија потпомогнато самоубиство, а во Холандија, Белгија и Луксембург легална е и еутаназијата.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

До петок ќе побара национална пензија

Македонштина
2

Па ова лесно било

Балканштина
3

Откако во Хрватска му откажаа концерт на Бајага, Рамбо сам го откажа својот

4

Тивка револуција се случува во математиката

Наука
5

Прво квантно телепортирање преку интернет

Наука
6

И ние би вдомиле куче

Балканштина
7

Европа полека бега од климатската агенда

Свет
8

Тулси Габард тргна по Обама

Свет
1

Откако во Хрватска му откажаа концерт на Бајага, Рамбо сам го откажа својот

2

Тивка револуција се случува во математиката

Наука
3

Прво квантно телепортирање преку интернет

Наука
4

Европа полека бега од климатската агенда

Свет
5

Тулси Габард тргна по Обама

Свет
6

На малиот Заев му тргна бизнисот со струја

7

Крајот на Зеленски?

Мислења
8

Каја Шукова e сдсмовската кандидатка за градоначалник на Скопје

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

До петок ќе побара национална пензија

Балканштина

И ние би вдомиле куче

Балканштина

Па ова лесно било

Македонштина

Со постот се претера

Балканштина

Викендо

Македонштина

Ние што не сме дивоградби, гледа ли некој како живееме?

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Водно, извини

Краток излет во „зајачката дупка“

Грузиски спот на денот

Билбордите на Шутка

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2025 off.net.mk |  Privacy Policy