Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Миљенко Јерговиќ: Ведрана Рудан и логорот Загреб

17 July 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Веројатно не постои ниеден општествен, политички, културен па ни приватен табу во кој Ведрана Рудан се нема залетано како разгневен багер.
  • Бавејќи се со табуата, таа врши неколку необично корисни општествени работи. Зборува за она за што се премолчува. Ги крши консензуалните општествени тишини, но не секогаш за да каже нешто што би изгледало етички, интелектуално или барем емоционално исправно. Таа едноставно ќе се разлае, гневно, лудо, брилијантно, како раните панкери, а после  другите нека зборуваат мирно и разложно, ако знаат. Меѓутоа, обично не знаат. Или се само кукавици.
  • Загреб не е логор само затоа што полицијата на Независната држава Томпсон, како што ја нарекува Рудан, ги затвори граѓаните во нивните новозагрепски станови, лишувајќи ги од нивните граѓански слободи. Загреб е логор затоа што Пленковиќ, Божиновиќ и Јандроковиќ упорно тврдат дека ништо се нема случено и дека тоа биле „само три збора во песна“. Секакви работи, Пленковиќу, собира во три збора. И „Пичка ти материна“ и „Срби на врби“.
  • “Логорот Загреб” се оние два збора со кои книжевноста одговара на трите збора на Пленковиќ. Фала ѝ на Ведрана Рудан, големата хрватска писателка. 
извор

Во Британија ќе се гласа со наполнети 16 години

17 July 2025
  • Share
  • Post
  • Од следните избори во Британија право на глас ќе имаат и тинејџерите со наполнети 16 години. Тоа ќе донесе околу 1,5 милион нови гласачи.
  • Границата досега беше 18 години. Шкотска и Велс веќе ја спуштија на 16 години за регионалните избори.
  • „Ако се доволно возрасни за да работат, да плаќаат данок и да служат војска, зошто да не можат да гласаат“, вели лабуристичкиот премиер Кир Стармер.
  • „Како може да гласаат, ако немаат право да склучат брак, да одат во војна или да се кандидираат на избори“, возвраќаат ториевците, кои се против одлуката.
  • Ќе се променат и други услови за гласање. За идентификација ќе може да послужи платежна картичка од која било британска банка. Ќе се заострат условите за донации за да се спречи мешање во изборите од странство. Сега секоја британска компанија може да донира во кампања, без оглед кога била основана, кои се сопствениците и од каде ѝ се парите.
извор

Волт во Хрватска штрајкуваат

17 July 2025
  • Share
  • Post
  • Доставувачите на платформата Волт во Хрватска за денес закажаа штрајк „поради драстичниот пад на приходите, намалувањето или укинувањето на бонусите, неподносливите услови за работа и систематските закани кон работниците кои се обидуваат да преземат колективна акција“.
  • Од компанијата реагираа дека жалат што дел од доставувачите се решиле на ваков чекор но дека поголемиот дел од нив се задоволни од соработката со Волт и дека слободата и флексибилноста - да работат кога и колку сакаат - остануваат клучни причини што ја избрале таа платформа. 
  • „Работам 12 саати дневно, шест дена во неделата, соба плаќам 350 евра, скутер и гориво 500, тука се и Волт, даноци.... Знаете ли колку ми останува на крај?“, вели за Јутарњи еден од доставувачите, Индиецот Анураг.

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Фала Заев, фала Димитров

Македонски рулет
2

Крвта, неписмени, крвта

Македонштина
3

Битолскa дисциплина

Балканштина
4

Парма ли е, свадба ли е во Континентал 95-та?

Фудбал
5

Никола Јокиќ во Кина пречекан како Бата Живојиновиќ

Кошарка
6

Со постот се претера

Македонштина
7

Toj т'п, ние упорити

Македонски рулет
8

Аргументите на Миленко за Вардар

Фудбал
1

Патлиџанот вреска, молците слушаат

Наука
2

Израел го разнесе Дамаск за да ги заштити Друзите

3

Волт во Хрватска штрајкуваат

4

Миљенко Јерговиќ: Ведрана Рудан и логорот Загреб

5

Холандија штеди струја за да ја спаси мрежата

Свет
6

Нема ни математика ни демократија во буџетот на Урсула за ЕУ

Свет
7

Науката ја потврди исцелителната моќ на супата

Здравје
8

Втора мајка спасува бебиња од наследни болести

Здравје
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Битолскa дисциплина

Македонштина

Со постот се претера

Македонштина

Ние што не сме дивоградби, гледа ли некој како живееме?

Македонштина

Крвта, неписмени, крвта

Балканштина

Да била машко, на друго ќе накапала

Македонштина

Вака се сака Преспански

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Елвис ова го нема слушано

Проблемот со календарот

Мислам, значи не сакам

Јазикот ги чува границите?

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2025 off.net.mk |  Privacy Policy