Волт во Хрватска штрајкуваат
17 July 2025
- Доставувачите на платформата Волт во Хрватска за денес закажаа штрајк „поради драстичниот пад на приходите, намалувањето или укинувањето на бонусите, неподносливите услови за работа и систематските закани кон работниците кои се обидуваат да преземат колективна акција“.
- Од компанијата реагираа дека жалат што дел од доставувачите се решиле на ваков чекор но дека поголемиот дел од нив се задоволни од соработката со Волт и дека слободата и флексибилноста - да работат кога и колку сакаат - остануваат клучни причини што ја избрале таа платформа.
-
„Работам 12 саати дневно, шест дена во неделата, соба плаќам 350 евра, скутер и гориво 500, тука се и Волт, даноци.... Знаете ли колку ми останува на крај?“, вели за Јутарњи еден од доставувачите, Индиецот Анураг.