Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Егзит се сели кај пирамидите

11 July 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • После 25 години растење во еден од најјаките  музички фестивали во Европа, Егзит се сели од новосадската Петроварадинска тврдина во Египет. 
  • Во партнерство со светски познатата продуцентска куќа за настани, Venture Lifestyle, организаторите на Егзит потпишале договор за египетска компанија, догодина фестивалот да се одржи на просторот пред египетските пирамиди. 
  • На ваков чекор се решиле после долгогодишни политиички притисоци во Србија каде беа користени за политички пресметки а им беше укинато и институционaлното финансирање. 
извор

Мигрантите ја кренаа популацијата на ЕУ

11 July 2025
  • Share
  • Post
  • Наспроти ниската стапка на наталитет во речиси сите членки, Европската Унија сега има рекордно висок број жители поради „зголемените миграторни движења“ по пандемијата на ковид во 2021 година, покажуваат најновите статистички податоци.
  • „Од 2012 година наваму негативниот природен прираст во ЕУ е помал од позитивната миграција“, наведува Еуростат.
  • На почетокот на годинава ЕУ имала 450,4 милиони жители, што е апсолутен рекорд. Тоа е за околу 1 милион повеќе во споредба со 2024 и четврто по ред зголемување од година на година. 
  • Од 1960 година населението на ЕУ се зголемило за 95,9 милиони, главно поради проширувањето со нови членки.
  • Денес најмногу жители има Германија (83,6 милиони), а најмалку Малта (0,6 милиони). Речиси половина од населението е концентрирано во Германија, Франција и Италија.
извор

Финска се повлече од забраната за противпешадиски мини

11 July 2025
  • Share
  • Post
  • Финска официјално ги извести Обединетите нации дека се повлекува од Конвенцијата од Отава за забрана на противпешадиски мини. Одлуката ќе стапи на сила по шест месеци, во јануари 2026 година.
  • Уште четири членки на НАТО - Литванија, Летонија, Естонија и Полска, најавија дека ќе се повлечат од меѓународниот договор за забрана на мини, поради „зголемена воена опасност“ од својот сосед Русија. Украина се повлече и ги користи во војната.
  • Финска и Литванија најавија дека од 2026 година ќе почнат домашно производство на мини за сопствени потреби и за да ѝ ги доставуваат на Украина.
  • „Финска мора, заради безбедноста на залихите, да има сопствено производство. Тие се многу ефикасно и евтино оружје“, изјави шефот на парламентарниот комитет за одбрана Хеики Ауто. Тој додаде дека Финска имала 1 милион противпешадиски мини пред да ѝ се приклучи на меѓународната конвенција во 2011 година.
  • Литванскиот заменик министер за одбрана Каролис Алекса изјави дека неговата земја ќе потроши стотици милиони евра за поттикнување производство на противтенковски и противпешадиски мини.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Бугарска клима, најдобро

Балканштина
2

Во Битола би ја викале Менувачницата

Балканштина
3

ЕУ исфрла сушари без топлински пумпи

4

ТЕМУ доаѓа на европските трпези

Бизнис
5

И да ја убијат, нема никогаш да ја имаат или да станат таа

Разно
6

Великодушноста на Алкараз кон ресторанот кој го ранел како среднoшколец

Разно
7

И во медиум може да се бара спас

Македонштина
8

Лесковачки доручек во јули

Балканштина
1

ЕУ исфрла сушари без топлински пумпи

2

ТЕМУ доаѓа на европските трпези

Бизнис
3

Катарците ја гаснат Ал Џезира Балкан

4

Криминалот во Германија има странско потекло

Свет
5

Дроновите повеќе не се непобедливи

Свет
6

Грчки агент ги криел врските на ЦИА со атентатот врз ЏФК

Свет
7

Егзит се сели кај пирамидите

8

Прогонот на Франческа Албанезе

Свет
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

И во медиум може да се бара спас

Балканштина

Бугарска клима, најдобро

Балканштина

Родителски бенчмарк

Балканштина

Балканот не ги разбира тие работи

Медиуми

Дајте од тие дрогите

Македонштина

Новото „змија или магаре“: Данок или депресија?

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Боки 13, next generation

Телевизија е за стари луѓе

Пораснати во Њујорк без да го видат градот

Мислите ВИЕ си имате проблеми?

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2025 off.net.mk |  Privacy Policy