Катарците ја гаснат Ал Џезира Балкан
10 July 2025
- По 14 години работа се гаси регионалниот телевизиски проект Ал Џезира Балкан, чие седиште беше во Сараево и го покриваше регионалниот пазар со редакции од Белград, Загреб, Скопје, Подгорица, Љубљана и Приштина.
- Причината за гаснењето на проектот не се објавени, но се претпоставува дека е деловна одлука на раководителите во Доха поради финансиски проблеми.
- Катарскиот медијски концерн Ал Џезира ја отвори својата филијала на Балканот во 2011 година, откако ја купи сараевската локална телевизија „НТВ студио 99“ за 2,3 конвертибилни марки, колку што изнесуваше нејзиниот долг кон државата.
- Во 2018 година воспостави свој фестивал на документарен филм, кој се одржува во Сараево секој септември.