Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Offside › Набрзинка

Киву го зема и Александар Коларов во стручниот штаб на Интер

11 June 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Новиот тренер на Интер, Романецот Кристијан Киву кој ја водеше Парма, во својот стручен штаб си ги повика некогашните соиграчи Валтер Самуел и Александар Коларов за помошни тренери.
  • Коларов досега работеше како селектор на младата репрезентација на Србија У-21, а сега тоа место ќе остане испразнето. Некогашниот фудбалер на Лацио, Манчестер Сити, Интер и Рома, ќе го има првото тренерско искуство на клупски план откако ја заврши играчката кариера.
извор

Македонец стана најскап трансфер во историјата на Олимпија Љубљана

13 June 2025
  • Share
  • Post
  • Димитар Митровски (26), откровението на минатата сезона во хрватската прва лига ХНЛ, официјално потпиша за Олимпија Љубљана во која доаѓа од хрватски Вараждин.
  • Словенечкиот клуб за него плаќа околу 800.000 евра што е најскапа инвестиција во историјата на клубот. Досега најскапо платен бил Нигериецот Блесинг Елеке за кого во 2016-та „змајчеки“ платиле 750.000 евра.
  • Митровски потпишал договор до 2028-ма година и ќе ја пополни позицијата на која играше Раул Флоруц кој заминува во друга лига.
  • Митровски сезонава постигна 8 гола на 28 меча за Вараждин. Игра како крилен напаѓач. За Македонија веќе има 8 настапи. Досега во кариерата играл за Работнички, Ханза Рошток, Магдебург и Спортинг Лисабон.

🇲🇰🪄 pic.twitter.com/umUJgKQAqo

— NK Olimpija Ljubljana (@nkolimpija) June 13, 2025
извор

Вале Радуловиќ единствена Македонка меѓу најдобрите стрелци во ЛШ!

13 June 2025
  • Share
  • Post
  • Легендарната ракометарка на Кометал Ѓорче Петров која постигна 275 гола во Лигата на шампиони се наоѓа на вечната листа од 100 најдобри голгетерки во европската Лига на шампиони. Радуловиќ се пензионираше во 2009-та година а во меѓувреме имаше и неколку повремени настапи во улога на тренер-играч во домашната Суперлига.
  • Најдобра во историјата на Лига на шампиони е легендарната Романка Кристина Неагу која има дури 1.232 гола. Јованка Радичевиќ која играше со голем успех за ЖРК Вардар има 1.181 гол а третото место на вечната листа најдобри стрелци и припаѓа на Србинката Андреа Лекиќ која исто играше во Вардар со Радичевиќ. Лекиќ има 1.073 погодоци во елитната Лига на шампиони. Тука се уште и Анита Горбис со 1.016 гола и Ана Грос со 967 погодоци.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Offside
1

Гeoргиј е новиот дебарско-кичевски митрополит

2

Внесуваме Албанци во Англија. Цена во иМбокс

Свет
3

Медиумското его на Вучиќ

Балканштина
4

Штипска обвинителка можела да биде на четири локации во исто време

5

Шверцери со дронови испорачуваат штеки на домашна адреса

Пороци
6

Престанете да вработувате луѓе

Технологија
7

Старка на денот

Забава
8

Видов на интернет

Забава
1

Ни тенисерите не се цвеќиња за мирисање

Разно
2

Голема тепачка меѓу словенечки и босански навивачи

Фудбал
3

Кире Лазаров му раскажа на Панчев како ја спремал екипата за АЕК

Ракомет
4

Во Аргентина падна најлудиот кош на сезоната за победа!

Кошарка
5

Ако вака ги испраќаат, како ли би ги пречекале ако освојат?

Навивачи
6

Абрамович сака само уште еден казачок на „Стемфорд Бриџ“ со навивачите

Навивачи
7

Трент Александар-Арнолд везе шпански на претставување

Фудбал
8

Во незапаметена атмосфера пред 21.000 гледачи, Партизан ја освои АБА лига

Кошарка
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Богати и славни

Балканштина

Кружна економија

Македонштина

Акција „Зголеми го профитот“

Македонштина

Мислеле, мислеле и...

Балканштина

На галантноста ѝ нема крај

Македонштина

Оти другине марамчиња ве дујат

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Проблемот со името

Најнебитниот знак на светот

Ковидот сепак не ни згреши до толку

Риалити брак

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2025 off.net.mk |  Privacy Policy