Шампионот Баерн го собира кајмакот од Леверкузен
13 May 2025
- Иако сè уште сè е во домен на шпекулација, германските новинари пласираат вести дека најтрофејниот германски гигант Баерн Минхен е цврсто решен во своите редови да ги доведе најдобрите играчи на ривалот Баер Леверкузен, Флоријан Вирц и Џонатан Та.
- За првиот, помладиот и најдобар германски фудбалер Баварците ќе треба да одвојат најмалку 100 милиони евра ако сакаат да го откупат неговиот договор од Баер Леверкузен, а 29-годишниот стопер кој е меѓу подобрите одбранбени фудбалери во Бундеслига, би дошол без обештетување, како слободен играч зошто во јуни му истекува договорот и нема да биде врзан со Леверкузен.