Од денешното рочиште за Вања и Панче
20 November 2024
- Заврши денешното рочиште за убиството на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежоски.
- Обвинетиот Влатко Кешишев ја повлекол изјавата дека Љупчо Палевски бил присутен за време на убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Навел дека Велибор Манев им вршел притисок да кажат дека Палчо е организатор и дека тој пукал. Манев наводно им се заканил на него и на Боре дека ќе ги здробат ако не кажат така (Плусинфо).
-
„Ова е тешка местенка, не знам што ми смислил Спасовски, може треба да барам азил во Белорусија“ – велел Палевски во Турција (Слободен печат).
-
Палевски беше кај мене дома ден по убиството на Вања, ми поправаше котел за греење, сведочел пријател на Палчо (Телма)