ФИФА следниот месец на конгрес се очекува само да ја официјализира Саудиска Арабија за домаќин на СП 2034 и тоа со акламација.
Тоа ќе значи дека после Катар, повторно ќе гледаме Светско во арапска земја во доцна есен, накај зимо.
За сега е познато е дека првенството ќе се одржи во пет градови на вкупно 15 стадиони од кои 11 ќе бидат нови.
Еден од нив е стадионот „Крал Салман“ кој ќе има капацитет од околу 92.000 седишта.
Саудијците го претставија преку дигитални фотографии од кои може да се забележи дека ваква градба од стадион немало никогаш во историјата.
Спектакуларниот стадион е планирано да почне да се гради во 2025-та, а отворањето е планирано за четири години подоцна.
🚨 Saudi Arabia will build a new stadium: The King Salman! 🤯🇸🇦
— Football Tweet ⚽ (@Football__Tweet) November 19, 2024
With a capacity of 92,000, it is expected to host the 2034 World Cup final. 🏟 pic.twitter.com/ierYcSlQpp