- Најџел Фараж и GB News повторно ги надминаа SKY News и BBC по гледаност во ударните термини. Емисијата на Фараж имала 130% од гледаноста на Sky и 108% од конкурентната содржина на BBC.
- Гостувала новинарката на Телеграф, Алисон Пирсон на која полиција ѝ затропала на врата заради нејзин твит од пред година дена.
- Овој полициски потег предизвика голема вознемиреност на островот, реагираа многумина, меѓу кои и поранешниот премиер Борис Џонсон: „Ова е ужасно. Како може Британија на Стармер да им држи лекции на други земји за слобода на говорот кога на невин новинар му тропаат на врата - за твит? Нашата полиција има полни раце со кражби и насилен криминал а се однесуваат како воук Секуритате“.
- GB News беше лансиран во 2021 година како прв медиумски стартап во земјата после лансирањето на Sky News во 1989 година.
- Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека разговорот меѓу германскиот канцелар Олаф Шолц и рускиот претседател Владимир Путин „ја отвора Пандорината кутија“ бидејќи ги поткопува напорите да се изолира рускиот лидер.
- Како што пренесуваат германските медиуми, Зеленски го предупредил германскиот канцелар пред да разговара со Путин дека овој разговор може да му помогне на рускиот претседател да излезе од меѓународната изолација и да продолжи со воените операции против Украина.
- „Путин не сака мир, тој само сака пауза“, рече Зеленски.
- Од 2017 година па навака, Македонска пошта работи со загуби, при што најголемата загуба е евидентирана во 2022 година во вредност од 3,7 милиони евра. Загубите се должат на неплатени кредити, заеми и сметки за струја.
- Според плановите на претходната власт, зградата на Македонска пошта што настрада во пожар во 2013 година требало да биде дадена на користење на ресторан со кабаре.
- „И дај боже на претходната власт намерата да и била приватизација на Македонска пошта, иако јас не се согласувам со тоа но нивната цел не била ни приватизација туку пропаѓање на македонски пошти со отворање на приватни пошти“, изјави министерот Александар Николовски, повикувајќи ги обвинителите и ревизорите да ја проверат работата на Агенцијата за пошти.