Тајсон го ишамара младиот јутјубер Пол како најава за бокс мечот

Конечно после долго време ќе бидне и долго очекуваната борба меѓу еден од најлегендарните боксери на сите времиња Мајк Тајсон (58) кој веќе одамна е во пензија и младиот, полетен и дрзок американски јутјубер Џејк Пол (27). Борбата е закажана за петок кон сабота после полноќ. На мерењето пред дуелот Мајк му залепи шлаканица на Пол кој остана мирен.

Борбата ќе биде на стадионот АТT во Арлингтон, Тексас кој собира 80.000 гледачи и кој веќе беше место на неколку бокс дуели.

Челичниот Мајк во својата кариера имаше 50 победи и само 6 порази, забележа дури 44 победи со нокаут. Се враќа во рингот после цели 19 години кога Кевин МекБрајд му стави крај на кариерата во 2005-та.

Тајсон боксуваше со Рој Џонс Џуниор во 2022-та но тоа повеќе беше егзебициски меч, каков што ќе биде веројатно и овој со Пол.

Мајк е најголема светска боксерска легенда. На свои 20 години стана светски шампион кога го урна Тревор Бербик во 1986-та година со нокаут уште во втора рунда.

Од друга страна, младиот јутјубер Џејк Пол веќе неколку години се обидува да навлезе во професионалниот бокс. Воглавно боксуваше против поранешни ММА борци кои не се обучени за класичен бокс и забележа шест победи по ред пред да биде истепан од Томи Фјури во февруари минатата година.

Борбата треба да има 8 рунди, а вечерта ќе има и други борби.

15 ноември 2024 - 09:29