Ахмад Ализадех (26) од Иран бил два пати обесен од локалните власти. Откако во 2018 година бил апсен и осуден на смрт за убиство, што тој го негирал, првото погубување било прекинато кога семејството на жртвата побарало стопирање на егзекуцијата.
Неговото безживотно тело било извадено од бесилка по 28 секунди и успешно бил реанимиран. Според шеријатскиот закон, семејството на жртвата може да побара да плати за да му се поштеди животот.
На крај не се договориле за висината и рокот на исплата па Ахмад бил и вторпат - овојпат неповратно - обесен.
На 67-годишна возраст почина театарскиот, филмски и телевизиски актер Лазе Манасков, соопшти неговиот матичен Драмски театар од Скопје.
Манасков е во Драмски е од 1983 година, откако заврши на ФДУ во Скопје. Вечерашната изведба на претставата „Куршуми над Бродвеј“ ќе се одигра во негова чест, велат од театарот.
Ќе остане запамтен и по своите улоги во Исцелител, Сенки, Трст виа Скопје, Еурека, Солунски патрдии, Македонски народни приказни, Преспав, Пусто турско....
Драган Б (со точка) Костиќ, легендата на македонското радио водителство, почина денеска на возраст од 75 години.
Преку своите емисии на Македонското радио, Драган Б. Костиќ со децении ги промовираше во Македонија светските поп и рок хитови и беше лексикон за историјата на бендовите, пејачите, нивните песни и светските топ листи. Имаше една од најголемите колекции на плочи во Македонија.
Својата богата кариера ја почна уште во 1970-ите години и наметна препознатлив водителски стил во емисиите „Диско селектор“, „Радио урнебес“ и „Заборави ако можеш“, а подоцна и „Кавервил“, „Чартфајл“ и „Б со Точка“. Автор е на проектот „100 приказни за 100 песни“.
На крајот од минатата година го имаше својот проштален диџеј настап „Последен танц“, со кој ја заокружи својата кариера од половина век.