Наша Јана има нов, готски роман
5 November 2024
- По романтичната фаза и популарните романи „Скоро парижанка“ и „Анаис од Монмартр“, како и тин-серијалот „Јас сум Миа“, популарната македонска авторка Јана Мишо го напиша својот прв психолошки готски роман „Што се случи со Исидора?“. Книгата, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, беше промовирана на 1.11.
- „Отсекогаш знаев дека ќе напишам готски роман како овој. Тој вкус и естетика го имам изградено уште од многу мала, така што може да се каже дека конечно си дојдов на свое, си 'влегов' во жанрот“, вели авторката.
- Инспирација бил филмот „Што се случи со Бејби Џејн?“, од кадешто е и асоцијацијата во насловот. Романот почнува по смртта на екстравагантната авторка Ноемија Нера. Нејзините отуѓени ќерки се враќаат во готската опатија каде што пораснале, заради отворање на тестаментот....
За да дознаете што се случува понатаму ќе мора да ја прочитате:)