Њујорк е најзаводливиот FOMO на светот
8 July 2024
- FOMO - Fear Of Missing Out, страв дека нешто ќе пропуштиш, дека нема да стигнеш да видиш.
- Ина Полјак има добиено патување во Њујорк како свадбен подарок од мајка ѝ, пред девет години. И по девет години, уште се потресува кога ќе ѝ текне како поминала. Прво ѝ било шубе дека ќе начека град кој нема да ѝ ги исполни очекувањата, а го начекува токму тоа што го гледа по филмови и повеќе.
- „Веројатно не постои човечко суштество што се спремало да го посети Њујорк, а да нема некои такви очекувања. И од тие очекувања секако зависи какви впечатоци ќе земеш со себе. Од моите очекувања најмногу излегуваше желбата да одам по тие улици додека ме држат нозете, да ја впијам енергијата на градот, да проверам дали навистина никогаш не спие, или сепак се случува да дремне.“
- „Веќе долго верувам дека градот можеш да го наречеш свој, само ако во него си плачел во јавност (како возрасен), без никакво посериозно чувство на срам. Така, за сега, мои градови се Нови Сад, Загреб, Рим и Њујорк.“
- „Тој повик сепак сè уште го чувствувам - повикот на тие улици, таа енергија, паркови, луѓе, чувството дека си во центарот на светот (затоа што си), дека тука е можно сè да се случи и дека си на милост на некоја повисока сила, нешто толку големо и моќно, што понекогаш можеш да се одмориш од чувството на стварност и одговорност.“