Ако секој аспект на репродукцијата наоѓа основа во еволуцијата, како тогаш менопаузата - време кога репродукцијата веќе не е возможна - има бенефит за нашиот вид?
Постои нешто што се вика хипотеза на мудрата жена, како што објаснува Др. Џен Гунтер, гинеколог и автор.
Хипотезата на мудрата жена е идеја дека историски за луѓето, да се има баба во семејната единица, значи дека имаш уште еден пар вешти раце што не се преокупирани со раѓање и чување деца. Некој што може да помогне да се собере храна, да се изгради засолниште, да се најде вода и да пренесе историски знаења за новите генерации.
На тој начин, менопаузата долгорочно претставува еволуција; идеја дека ја задржуваме моќта како што старееме. Др. Гунтер ја објаснува и науката и митовите зад биолошкиот процес на менопаузата и како да знаеме кому да веруваме за водство додека поминуваме низ неа.