Ни во „Најсекси жив маж“ нема демократија

Магазинот Пипл за најсекси жив маж оваа година го прогласи Џон Красински. И како да немало и друг пат проблеми, луѓето се незадоволни од изборот.

Пипл има проблематичен вкус повремено - да не заборавиме дека пред неколку години за најсекси го прогласија Блејк Шелтон.

Сега бунењето е дека Џон Красински и не заслужил баш, со оглед на тоа што има само еден детски филм минатата година, ама и не е само до него. Прогласувањето се искористува како повод да се пожалат дека едвај им текнало на црнци, а никако не им текнало на латино и Азијати.

„Џон Красински е најсекси жив маж?“ мрчи Диет_Прада на Инстаграм. „Интересен избор за Пипл, со оглед на тоа што само еден филм за деца има направено годинава. Победата како да не е релевантна, но ако сме фер, и лани кога беше Патрик Демпси не беше релевантна.

Покрај тоа, има сериозен недостаток на разноликост кај победниците. Само четворица црнци ја земале титулата - тројца по ред од 2016 до 2018 - и нема латино и Азијати победници. Нула. Како да ѝ фали зачин на идејата на магазинот за тоа што е „секси“.

Во меѓувреме, како што се жали Диет_Прада, на натпревари за двојници доминираат имитатори на Дев Пател и Тимоти Шаламе, по што заклучуваат дека јавноста е спремна за нови лица.

И реално, ништо против Џон Красински, ама во моментов има други, далеку попопуларни актери по кои течат лиги на социјалните мрежи. Не навлегуваме во тоа дали треба да се сметаат за „секси“, ама нели вени се исекоа по Бери Кеон и нему сродните? Или, ако одиме на објективно, кај им е во последниве десет години Хенри Кавил?

Ај, бар Џони Деп оправдано го имале 2-3 пати.

15 ноември 2024 - 12:14