Во 2020, 57-годишната Памела Андерсон одлучила да се пресели во родната Канада, во обид одново да се поврзе со себеси.
„Беше едно враќање дома, може да се каже, да си го погледнам животот и да се потсетам која бев - не која ми кажуваа луѓето дека бев,“ изјави за WWD. „И не сакав било што од тоа што ми се случи да ме дефинира. Сакав да ме дефинира тоа што го правам.“
На оваа тема има зборувано и друг пат - за желбата да се врати на корените.
„Не ми беше добро во моментот кога се враќав во Канада. Не знам што се случи во текот на последниве децении, но сега се чувствувам многу далеку од сликата каква бев. Бев многу тажна и осамена. Не се чувствував само неразбрана, се чувствував како нешто да сум уништила, дека целиот живот ми е куп грешки. Бев строга со себе и мислам дека си го измачив семејството и децата.“
Андерсон ги има синовите Брендон (28) и Дилан (26) со поранешниот сопруг Томи Ли. И вели дека ѝ требале две-три години за да надмине сè и да размислува и конечно да седне и да разговара со себе.
Првите години ги поминала во реновирање на имот за нејзините родители, во пишување и учење да готви. Од таму излегоа и мемоарите Love, Pamela, како и готвчаот I Love You, објавен минатиов месец.
Продолжува да глуми и последниот филм ѝ е The Last Showgirl, а ќе се појави и во новиот „Гол пиштол“, каде што Лијам Нисон (едвај чекаме) ќе го замени Лесли Нилсен.
„Не знам како ми успеа ова,“ вели Андерсон. „Исто како филмов што го снимам, не знам како ми успеа. Како да се наредија коцките и ако доволно долго веруваш во себе... Секогаш треба да се чува тој оган. Сè е во тајмингот. И изгледа сега е моето време и го прифаќам тоа.“