На француската премиера на филмот, неколку часа пред изборите во САД, Деми Мур рече:
„Америка е изградена од пуританци, религиозни фанатици и криминалци. Сексуалноста е секогаш табу и многу страв има во Америка околу телото. Тоа е нешто што никогаш не го разбрав.
Секако сум предизвикувала со неколку од моите филмови, делумно затоа што не го разбирав тој страв од телото. Не ми имаше смисла како можеме да го славиме телото во уметноста, а да му се плашиме на филм.“
Патем, Деми Мур изјави дека гласала за Камала Харис.
За „Супстанцата“ ја исфалија - се работи за филм (Букбокс гледаше) во кој филмска ѕвезда во години се соочува со отфрлање и решава да преземе екстремни мерки за да се подмлади. Глумеше и Денис Квејд, еден од најгласните поддржувачи на Трамп на изборите.