Во интервју со Бибиси, Хванг Донг-хук сподели дека првата сезона му била толку напорна за работење што „му паднале осум или девет заби“.
Објаснил дека прво рекол само шест, ама реалната бројка била повисока. Затоа и мислел дека нема да се нафати на втора сезона, од причина што првата така лошо му влијаела на здравјето, но подоцна се предомислил.
И покрај огромниот успех на првата сезона, Хванг вели дека не заработил колку што луѓето мислат.
Втората сезона доаѓа на Нетфликс на 26 декември и продолжува со приказната на Играч 456, кој се враќа во играта. Овој пат ќе пробува да ги спаси другите играчи, да им кажува како функционира играта и да ги убеди да се откажат.
Првата сезона беше најгледана на Нетфликс во нејзино време, па Хванг поради притисокот се шегува дека „може ќе треба да вади уште заби“.