Го прашале Дали што би спасил од музејот Прадо

Врската на Дали со музејот Прадо се протегала низ целиот негов живот. Кажувал дека е „неспорно најдобриот музеј за стари слики на светот“ и делата од Рафаел, Јероним Бос и Веласкез биле честа тема во неговата уметност.

Кога го прашале што би спасил од Прадо во случај на пожар, Дали рекол:

„Дали не би зел ништо помалку од воздухот, и тоа воздухот зачуван во Лас Менинас на Веласкез, кој е најквалитетниот воздух што постои.“

Настрана прекрасните будалаштини на Дали - и овој пат има зошто.

Без ликовите, сликата „Млади благороднички“ на Веласкез е како са гледаш во просторот каде генијот го насликал најспектакуларното дело и кое стотици години е предмет на анализа, дебати и има несомнено влијание врз уметноста.

Веласкез мајсторски употребува перспектива, која на сцената ѝ дава длабочина, преку празнините што ги опкружуваат сите ликови. Во позадина, сликите што висат во сенките се копии на митолошки теми од Рубенс, направени од Хуан Баутиста Мартинез дел Мазо.

Архитектонскиот простор е истакнат и толку вешто насликан и поделен со сликите на ѕидовите што дури и самиот воздух како да оживува на тоа место.

Инаку, собата се наоѓа во кралскиот Алказар во Мадрид каде што било ателјето на мајсторот. Тврдината што станала палата била официјална резиденција на Хабсбуршката династија и таму работел и Веласкез.

15 ноември 2024 - 12:22