Читател: Ти доставувам што се случува во Дебар Маало, кај бившиот ресторан Липа или Камарите во последниве два месеци. Вчера падна уште едно поголемо парче од под куќата, немав време да го сликам. Слободно додај твој коментар, ние од околината немаме што да додадеме ... никој нè не слуша...
Сè што последниот пат пишавме за атмосфера на неговите говори, важи и сега. Овојпат, за Марко Ѓуриќ, претседателот на српската Канцеларија за Косово, и за разликата меѓу Ѓуриќ и себе, кога ги расчукувал наоколу како во Астерикс и Обеликс, по принципот: „удариш ме - нокаут“.
Нели оној еден, деновиве во нивниот парламент со мастило го испрска албанскиот премиер? Е, испадна дека Рама претходно го заебавал човекот заради говорна мана, тоест затоа што ш'шкал кога зборувал. Е, не, за принципи ќе се расправаат.
Сиера Леоне, Карпош 4, Драчево, Оклахома, бивши војници од Конго, царството на Амди, Снуп Дог во Приштина, скопски дворови со старо железо, фалц фармерки, пинг-понг на улица, аикидо на клупа, Роџо, Жан....
Не ни се ни набројува по кои сè основи ова е погрешно, бидејќи, ако се фатиш за таа тема, брзо се стига до клетви и пцуења и мајки шајки. Само генералии за авторот: Рубин Земон, актуелен пратеник во Собранието кој го пополни местото на Тунтев кој пак одлета во цивилно воздухопловство за поголема плата. Рубин Земон претходно бил советник на Заев (уф, за мултикултурно општество) а ние го памтиме по тоа што го прогласи ракометарот Стојанче Стоилов за ментално нестабилна личност. Затворете нос и - тоа е.