Балканштина

Ненад је мало нервозан

Ненад е тежок аматер во тенис, ама па да не му е тенисот како издувен вентил, веројатно ќе се тепа по раскрсници. Нема многу содржина во неговата игра ама затоа има во карактерот. Ненад сам го има она што не би можеле да го соберат Мекинро, Медведев и Иванишевиќ заедно - нервозата.

Ајде да се преправаме дека сме Бугари

На Фејсбук постои група која се вика „Група во која се преправаме дека сме Бугари“ во која Срби, Македонци и други бадијалџии пукаат мајтап соодветен на името на групата. Постои неколку години (нам Даре Лешоски ни набаци ишарет) но со победата на Бангаранга на Евросонг, групата  доби на масовност. Не е за хејтање туку за терање ташак. Мал избор:

Не преточуваш нитроглицерин

Фитнес е последната работа со која ќе се занимаваме на овој сајт (ок, најпоследна е „лајфкоучинг“) но Фитнес Стефко („Нагрувај се“) баш нè весели, нè разведрува и нè смее со неговите урнебесни а реалистични коментари и забелешки на онлајн видео рецепти, при што има улога на мит бастер за работи кои ни се продаваат како здрави. Го имавме и пак ќе го имаме. Цар, цар.     

Два пати чукни си ја главата пред да се кладиш на политичар

Чат-пат регистриравме по нешто од екс надежниот српски политичар чиј живот и кариера последниве години се во слободен пад: живее во чудна врска со еден пријател, бракот му се растури, на врата му доаѓаа извршители, правеше тепачки по паркинзи и бутки... Некогаш за него се заложија ликови како Бора Тодоровиќ, Светислав Басара, Дерета, Великиќ, Пуриша Ѓорѓевиќ, Милојко Пантиќ...