Разно

За Корка, за Кочани

Ќе ги носиме во Загреб? Лесно е, треба да бидат во првите три, а кога вие ќе запнете, и прво место се фаќа. Фестивалот InMusic 2026 ги објави финалистите за нивниот „Breakthrough“ за млади европски бендови. Меѓу нив се и нашите Корка од Кочани. Добри, жестоки, стегнати. Тие Брисел го освоија, не па Загреб.   

Најмакедонскиот двор во Австралија

Убава куќа, уште поубав двор. Во него паркиран олдтајмер, Шевролет од 1964-та, нешто цвеќенце ама многу повеќе пиперки. Околу 500 корени пиперки, вели домаќинот. Во приказната ве води Ристо, Ристо Делишс а домаќин е Крис чии предци дошле таму пред повеќе од еден век. Крис има голем натпис ВМРО напред на маицата, кама и нож позади и кубикажа која не ќе да е само од пиперки. „Шо стореее.“ 

Клупата на Водно веќе не е тажна

Истиот читател кој ни го пријави проблемот со клупата на Водно (види: Најтажната скопска клупа со најубав поглед) ни пишува:

Членска книшка од илинденската 1903-та

Читател ни испрати членска книшка од Илинденската организација 1903. Не е ВИ генерирана, се очекува Универзитетската библиотека да ја потврди автентичноста по што ќе биде соодветно дигитализирана и архивирана. Бидејќи во самата книшка е уставот на организацијата, уредено е кој смее а кој не смее да биде член. На крајот е книшката е сликата за што се бореле и за што биле спремни да го дадат животот.

Капка по капка реклама на денот

На секое вадење на пиштолот при точење гориво на бензиска станица, паѓаат по неколку капки на земја. Знаете ли колку гориво е тоа кумулативно на светско ниво? Многу! Знаете ли со тоа гориво колку пати можете да ја заобиколите Земјата? Многу! Знаете ли зошто е тоа важно? За да стигнете таму кај што треба.

Сафари во Македонија

Ловци од Англија, Америка, Шпанија и Србија си прават непречени ќеифи со нивната пасија, велејќи дека македонските планини имаат станато едни од најдрагоцените места на светот за лов на балканската дивокоза. Најстариот од нив, 61 годишен Британец, е опседнат со наоѓање еликсир против стареење па откако ќе го убијат животното, го цедат и му ја пијат крвта. Фуј, бре.

(К)Нига

Едно слатко дете од мешовит, македонско - нигериски брак, татко му го учи зборови на наш јазик. На ред доаѓа зборот книга, збор со кој малиот има проблем да ја изговори првата буква, па испаѓа тоа што најмалку треба. Супер симпатична сцена. Македонскиов јазик некогаш е да се намачиш ко црнец.  

Непретерани писма на читатели

Трендо, да се потсетиме дека ова што денес е напишано на off.net.mk (Со науката се претера | Off)) за тоа дека науката отиде у триста PM10, јас и ти пред 2-3 години го најавивме, пред две години со еден труд каде е дадена детална анализа и покажано е дека 20 милијарди долари годишно се фрлаат за open access „трудови“, најголем дел од нив се тешко ѓубре од Вардариште виа Дрисла „трудови“.

Дал се оствари прогнозата - мациии?!

Не можеме ни да наброиме што сè може да биде лајтмотив за создаавање песна. Љубов, среќа, склет, татковина, филозофски дилеми... Ама - „Кај сте сега „тастатурски јунаци" шо се исмевавте на моите најави... Ова е за вас!“ - немаме сретнато. Вака почнува песната на ад-хок бендот „Метео екипа“ како пресметка со сите што не верувале во нивните метео-прогнози. 

Времето ги открива улогите

Ја слушам Кацарска како зборува за некои предмети меѓу кои и предметот 27 април и повторно се обидува да создаде впечаток дека сè било „законито“ и „потврдено од повисоките судови“, а слушнавме јавно сите како судија поротник кажува дека под страв потпишале записник за пресудата. Ајде фактите.

Хип, хоп, кич, ич

Да ви претставиме еден наш рапер кој на Инстаграм се претставува со оригинално и креативно раперско име - Никола Златановски. Дечкото знае на стандардниот хип-хоп аутфит (златен ланец) да му даде локален шмек па е седнат на маса со скара и ракија. Ќе ви пуштиме само едно негово парче, само да ве заголицаме. Вака, од прва: ова е толку глупо да нема никаква причина да не успее. 

Бурекот на македонските браќа го освојува Сиднеј

Good Food Australia пишува дека бурекот на браќата Радевски е една од најпотценетите храни во Сиднеј. Никола и Јован Радевски завршиле други работи (авио инженерство и трговија) но победила семејната мајсторија која ја научиле од татко им а ја започнал нивниот прадедо по чии рецепти уште работат. Имаат осум типа бурек, состојки набавуваат и од Македонија а од скоро почнале и јогурт да прават. 

Реклама на која ѝ е јасно каде живее

По онаа урнебесна реклама со синхронизација како во турска серија, Халк банка продолжува со ист шарм. Врвно иронизирање на рекламната матрица за која пишувавме деновиве („лоши дијалози и уште полошо глумење“), маестрално изведено од Сашко и Гораст. Оние брендови кои вака се рекламираат мртви- озбилни, како не сфаќаат дека е тоа глупо до ежење? Или па стварно им звучи јако тоа нивно „а да ја повториме поентата уште неколку пати“? Браво за Халк банка, концептот и актерите.

Инстаграм реклама од 1997 година

ВХС снимка за реклама за радовишката пицерија „Мериџејн“ (прејако име и транскрипција), за да видите дека за пола век (прецизно: 49 години), не само што немаме мрднато на ова поле, туку и денешните Инстаграм реклами (оние најглупите, со лоши дијалози и уште полошо глумење), се уште посиромашки во сценаристичка и продукциска смисла. А матрицата иста.

Трамп ни го врати името!

Паралелно со неговите разуздани воени авантури по светот, Доналд Трамп не ги заборава ни домашните теми. Објавил список за тоа колкав процент од мигрантските домаќинства од различни земји се на товар на државата и добиваат помош. На врвот се Бутан, Јемен и Сомалија со по 70%- 80%. Наши на американски јасли ги има 33%. Кои наши? Оние од МАКЕДОНИЈА! Лапај си го Гренланд, царе, ич да не ти  чуе (^‿^)

Полтронството како државна политика

Според македонскиот речник, полтронството е однесување при кое некој е понизен, сервилен и послушен кон посилните, а груб, навредлив и агресивен кон послабите или кон оние што немаат моќ да возвратат. Да погледнеме како изгледа тоа во македонската пракса на владеење.

Зоки Панкерот удри фајронт

Скина неповторлив скопски лик. Зоки Панкерот (инаку Тодоровски), градски да поградски не може да биде, од она Скопје кое ретки (не)среќници го гледаат; во три, четири, пет сабајле. На шанк, со црнчиња. Флок па Балет, место во чија темнина и бучава се забораваше на времето. Гласно, алкохолно, лепливо, се клатат и луѓе и лустерчиња над шанк. Место во кое човек и да дочекаше фајронт, не се сеќаваше на него.