Балканштина

Положен ТОЕФЛ за балкански јазици

Србин наоѓа човек од Бангладеш кој шест години работи како келнер на Малдивите. Знае српски, македонски, хрватски, босански.... Притоа, да не испадне дека само се фали, дечково му демонстрира колку добро ја сфатил главната поента на нашите јазици - да заебеш некого.

Критики на искусниот револуционер

Чедомир Антиќ е поочуваниот Чедо (за другиот Чедо овде) од некогашните студентски протести за рушење на Милошевиќ. Денеска е професор по историја на Филозофскиот факултет, не мисли ништо добро за режимот на Вучиќ но има многу што да им каже на оние што блокираат во името на недефинирани пленуми и непотпишани соопштенија. Еден од ретките кој не им се додворува а не е дел од онаа медимуска клика која ја предводи Информер.

Доврши ја поговорката

Прилично лесна задача, ќе ви дадеме неколку примери, чисто за загревање. Убавиот збор, железни врати....? Кога двајца се караат - третиот....? Сè додека има овци, ќе има и...? Брат брата не рани, тешко оној кој го...? Навежбани? Значи вака: Подобро врапче во рака отколку....?

Некои Бугари и за кочанската трагедија не може да не го спомнат Тито

Љубчо Нешков од БГНЕС поштено ја опишува нефункционалноста на македонскиот систем, партизираноста, некомпетентноста... Нафрлува и загрижувачки податок: нашиве дозволиле бугарските авиони за транспорт на пациенти да дојдат дури после 18 часа (со што се изгубило драгоцено време)! Само што, не знаеш дали Бугарите почесто користат чубрица или Тито. Кога почнале проблемите на Македонците? Кога Тито им ја направил државата.

Дур е со хумор, добро е

„Ќаци“ ги викаат овие што се против блокади на школувањето. Од едно погрешно напишан транспарент на кој наместо „ђаци“ (ученици) беше напишано „ћаци“.
 

Не разбираат бе

Како на странци да им објасниш некои работи од овдешните јазици на Балканот? На пример македонското „бе“, српското „бре“ или грчкото „ре“. Никако бе, бре, ре. Тоа пробува да објасни човекот, Американец кој ја сфатил финтата. Се труди да биде прецизен, само што не сме сигурни дека ќе биде разбран од секого. 

Бугарски стрес тест

Во софискиот Зоолошки парк еднаш годишно прават стрес тест: симулираат ситуација во која некое опасно животно од кај нив избегало од своето живеалиште, за да проверат како нивните вработени реагираат на една таква ситуација. Овојпат, се работело за тигар. Да ја видите „симулацијата“. Некој од Бугарите ставил наслов „Ох, не мога повече.“ Баш.

Главоболка од минус универзуми

Пулмологот Несторовиќ, популарноста од пандемијата, стекната со неортодоксни ставови, подоцна ја преточи во политички успех па стана фактор. Пошто рецептот за успех не се менува, нагазува уште појако. Ако некој тие денови имал главоболка, тоа е затоа што „по грешка биле избришани пет универзуми“ (?). Како што обично бива, пола луѓе ќе го сметаат за шалабајзер и преварант, а пола ќе викаат, и Тесла не го разбираа на времето.

Ко то тамо блокира?

За 15-ти март е закажан голем протест во Белград како крешендо на повеќемесечните студентски блокади иницирани од трагедијата со настрешницата во Нови Сад. Во меѓувреме страстите толку се зовриени а народот поларизиран што многумина стрепат дали тоа ќе помине без насилство и голем пичвајз. Ние многу од тоа први имаме видено: бои, црвени дланки, „ослободување на јавниот сервис“ (Стојанче, добар?), само без хуморот и луцидноста на Србите.

Браќа по калдрма

Нашите северни соседи го развиваат концептот за бескрајно менување на коцката на Плоштадот на Републиката во Белград, како што ние своевремено правевме на скопскиот плоштад. Додека една година калдрмата не се изгуби и никогаш не дознавме каде завршила. Турнирот во викаат Коцкатлон, годинава имал меѓународен карактер а местењето има и метеролокошка димензија.

Заигра мечка на бугарска врата

Баш и немаат многу песни за Македонија (освен они што ќе ги дрпнат од нас - Бугарска апашаана), ама затоа имаат песна за  - бела мечка. Не прашувајте детали, појма немаме. Текстот го пишал некој јако талентиран. Прво вика „Бялата мечка идва от Сибир“ за после 10 секунди да праша „Откъде идваш бе мечке?“. И главно е што не ја пеат на суво, тоест без главниот јунак.