Балканштина

Кога ви доцнат, кажете им го тоа со песна

Вечно е недоразбирањето меѓу оние што доцнат и оние што очекуваат да се биде на време. На првите не им е јасно што е толку проблем да се почека 5,10, 15, 20.... минути, а на вторите, секоја од тие минути им изгледа како час. Претпоставуваме дека зад следниов хит стои девојка (онаа која доцни) која ги собрала пораките од дечкото (кој пизди што чека). Останатото го скоцкала ВИ.    

Ненад је мало нервозан

Ненад е тежок аматер во тенис, ама па да не му е тенисот како издувен вентил, веројатно ќе се тепа по раскрсници. Нема многу содржина во неговата игра ама затоа има во карактерот. Ненад сам го има она што не би можеле да го соберат Мекинро, Медведев и Иванишевиќ заедно - нервозата.

Ајде да се преправаме дека сме Бугари

На Фејсбук постои група која се вика „Група во која се преправаме дека сме Бугари“ во која Срби, Македонци и други бадијалџии пукаат мајтап соодветен на името на групата. Постои неколку години (нам Даре Лешоски ни набаци ишарет) но со победата на Бангаранга на Евросонг, групата  доби на масовност. Не е за хејтање туку за терање ташак. Мал избор:

Не преточуваш нитроглицерин

Фитнес е последната работа со која ќе се занимаваме на овој сајт (ок, најпоследна е „лајфкоучинг“) но Фитнес Стефко („Нагрувај се“) баш нè весели, нè разведрува и нè смее со неговите урнебесни а реалистични коментари и забелешки на онлајн видео рецепти, при што има улога на мит бастер за работи кои ни се продаваат како здрави. Го имавме и пак ќе го имаме. Цар, цар.