Балканштина

СПЦ Хедонистичка

Менито на владиците на СПЦ на „закуската“ по повод 10 годишнината на епископот Арсение во Ниш.

Не се ремети човек кога носи бурек

Саша Лошиќ од Плави оркестар („Путеру, путеру“ и други мега хитови) раскажува за својата прва средба со легендарниот словенечки креативец, музичар, перформер, уметник и политичар Марко Брецељ од Булдожер. Лошиќ му пристапил и љубезно му кажал дека тој многу влијаел на неговата кариера, дека нивната прва плоча му го одредила животот.... Нескротливиот Брецељ одговорил кусо и прејасно.

Приказната за Шериф Коњевиќ

Занимливо е како ги започнале своите музички кариери еден Леонард Коен, Деби Хари, или, да речеме, Сузан Бојл. Меѓутоа, ниедна таква приказна не ѝ е до колена на онаа за босанскиот народњак Шериф Коњевиќ. Да чуете како одел како получовек - полуживотно кога се спуштил во Сараево, како ги развил своите гласни жици и што му се случило на човек кому Шериф еднаш му платил кафе. Нараторот, генијален мајтапџија!

Да го бараме Ѓоковиќ во училниците

Вредна професорка држи вредни лекции и кога е распуст. Вели дека проблемот настанал кога тие биле сведени на просветни работници, по што сè повеќе се заборава дека тие треба да бидат просветители. Оние кои ќе негуваат и бодрат критичко мислење, оние кои ќе бидат добри не затоа што ставаат петки туку затоа што знаат убаво да објаснат зошто ставиле двојка.   

Макарска да се евакуира

Ни Макарска не е поштедена од вонредни непогоди среде сезона. Со кола и звучници („народе, што купувам...“) се најавува настап на озлогласениот Десингерица, оној што ги мава со патика, им крши јајца на глава, им ренда сирење... Ама барем поштено и навреме повикуваат на евакуација. На оној нормалниот дел. Безумните копиљаци нека завршат со сирење на глава, ако веќе така сакаат да си ја памтат младоста.