Никогаш овде памет нема да дојде

Ваква автобуска сцена обично ќе нè асоцираше на „Ко то тамо пева“, ама после трагедијата во близина на село Ласкарци, ни останува само да си ц'цкаме.

Леб и сол за U2 се Пинк Флојд

Патакот во интервјуа некогаш знаеше да биде дрчен, да гунѓа, да е незадоволен од третманот... просто, да го има „малку премногу“. Денес е сторен прав поглавица: мек и стишан, ненаметливо мудар, комплетно во синк со тоналитетот на своите емоции. Убаво интервју за една бугарска телевизија во кое новинарката (иако со ужасна дикција!) знае да постави вистинско прашање и потоа да му го препушти лулето на „Бикот со жичана душа“.

И струмичка Мастика си доби химна

Постојат стотици песни со разни пијачки во насловите. Пива, вина, бурбони, шприцери, сечени пијачки...

Сме чуле ние за секакви изговори, ама...

- Како се слави Свети Трифун?
- Не знам бе, другар.
- Како бе не знаеш?
- Од Ресен сум.

Оди ти стани Јутјубер со ваков по дома

Бугарски тинејџер и гејмер сака да стане Јутјубер ама по дома има еден створ кој јако го минира. А заебан е тоа трол, му се појавува по гаќи таман толку колку да му го уништи кадарот а притоа да не му се види лицето. Како и за секој бугарски клип, и за овој упатството е исто: да се пушта на рипит додека репликата не се научи на памет!

Што тоа ечи од Замбија?

Ако ви се начуе нешто од типот „Македонија е грчка!“ тоа можеби јужен ветар го носи од Африка. Елем, некој хард-кор Грк отишол во Замбија и ги научил локалците да навиваат во спорот околу името. Па црнецот ќе каже: „Ρουφιάνοι, προδότες πολιτικοί / Μακεδονία είναι ελληνική (Политичари, злотвори, Македонија е грчка!). Што сакаме во селово да залута некој од оние наши зомбија кои мислат дека успеавме Грците да ги претвориме во наши трајни пријатели....