Билјана на бис

На концертот во Света Софија публиката беше жедна за уште музика, но солистите и оркестарот на МОБ веројатно немаа спремено бис па си шепнаа и отпеаа нешто скроз непланирано и неочекувано. Ја почнаа "Билјана платно белеше" акапела, потоа почна да потпевнува и публика, а се уфрли и оркестарот. Ежење.


Солисти: Весна Гиновска Илкова, Наде Талевска, Ирена Кавкалевска, Благој Нацоски.
Диригент: Бисера Чадловска.

17 јули 2019 - 14:53