Зошто папите ги менуваат своите имиња?

Со векови, мажите кои ја преземале врховната функција во католичката црква си ги задржувале родените имиња. Тоа се променило со папата Јован Втори.

Хорхе Бергољо, Карол Војтила, Џовани Монтини. Ако не ги препознавате овие имиња, за тоа има добра причина: Бергољо беше попознат како неодамна починатиот папа Франциско. Војтила го промени името во папа Joван Павле Втори, а Монтини стана папа Павле Шести.

Зошто католичките кардинали ги менуваат имињата кога се избрани за папи? Нема стриктна доктрина во врска со ова, па со векови оние на врвот на католичката црква си ги задржувале родените имиња.

Првиот кој си зел нов назив бил папата Јован Втори во 533-тата година (да, пред него имало папа Јован, но неговото родено име всушност било - Јован). Папата Јован Втори, чие родено име било Меркуриј, сметал дека е малку несоодветно да носи име на пагански бог додека служи како понтиф. Папата Јован Трети, роден Кателиниј, бил вториот кој си го сменил името во 561-ва. 

Оние по него главно се вратиле на стариот начин на правење на нештата, до моментот кога за папа во 983-тата бил избран Пјетро Канепанова. Тој не сакал да го користи името на св. Петар (првиот папа) па го сменил во Јован Четиринаесетти. Него го следел Џовани ди Галина Алба, кој го задржал своето родено име и станал Јован Петнаесетти. По неговата смрт, папите почнале редовно да користат „алијас“. Последниот папа кој го користел своето реално име бил Адријан Шести во 1522 (тој исто така бил последниот папа кој не бил Италијанец до 1978). 

Папското име најчесто се бира со намера, така за да биде симболично. Бергољо го одбрал Франциско во чест на св. Франсис од Асиси, нагласувајќи ја својата предаденост кон сиромашните. Најпопуларното име до сега за папа е Јован (одбрано 21 пат), а имало и 16 Грегоријевци и 15 Бенедикти. 

25 април 2025 - 17:58