Први во овој алтер-филм, значи, се сите сцени во кои актерите изговараат „а", а последни се оние кои завршуваат со англиските w и y. И така цел час и 41 минута. Најпрвин може да ви се сврти од брзата монтажа, но набргу почнувате да се хипнотизирате и напнато да очекувате кој ќе биде следниот збор.
Авторот на овој необичен проект е кодер, па не му било тешко да направи апликација преку која тој и неговиот пријател го разложиле филмот, обележувајќи ги сите зборови, еден по еден. Програмата исфрлила огромен текст фајл со сите зборови и нивната локација во филмот, која потоа била префрлена во Ексел фајл, сортирана по азбучен ред и наредена хронолошки. Целата работа, сосе монтажата, згуснато траела само седум дена. Но биле потребни големи паузи меѓу секоја сесија бидејќи било тешко дури и да се зборува после ваквото дисецирање на зборовите и слоговите.
„Англискиот престана да звучи како јазик, а од време на време морав да правам паузи затоа што не можев да сфатам за кој збор станува збор - едноставно не можев да го слушнам како што треба", вели Баси.
Ако баш сакате можете да го изгледате целиот, но и со скокање ќе сфатите за што станува збор