Иако ситуација во која е гласан и избран мртов политичар е ретка, сепак не е без преседан. Еве неколку примери на луѓе кои не дозволиле смртта да им биде пречка за изборна победа.
Претставникот на државата Пенсилванија, Антони ДеЛука, добил импресивни 85 проценти од гласовите на државните избори од 2022. За жал еден месец претходно починал од рак. Пенсилванија не го избришала, бидејќи државата има закон кој вели дека заменски кандидати не можат да бидат предложени откако ќе почне печатењето на гласачките ливчиња. „Иако сме тажни поради тоа што го загубивме претставникот ДеЛука, горди сме што гласачите продолжуваат да ја покажуваат нивната доверба во него и неговата приврзаност кон демократските вредности, со тоа што го ре-избираат постхумно“, постирале неговите колеги на Твитер.
38 денови откако починал во авионска несреќа заедно со својот син и советник, гувернерот на Мисури, Мел Карнахан, ги добил изборите за Сенатот во истата држава. Негов опонент бил Џон Ешкрофт, кој подоцна ќе стане јавен обвинител во текот на претседателствувањето на Џорџ Буш.
На почетокот на 2010-та, гласачите на малиот град Трејси Сити во Тенеси му овозможиле огромна победа на Карл Гири, кандидиран за градоначалник, кој освоил 70% од гласовите во однос на тогаш актуелната градоначалничка Барбара Брок. За жал, тој не можел да ја преземе функцијата која толку ја посакувал, бидејќи умрел од срцев удар еден месец пред изборите. Во сторија во локалниот весник, сопругата Сузан изјавила: „Денот кога почина луѓето ми се јавуваа со сочувство и велеа - ние сепак ќе гласаме за него“.
Петси Минк била многу популарен претставник на Хаваи во Претставничкиот дом и и тоа во 12 мандати, до нејзината смрт од пневмонија неколку недели пред изборниот ден во 2002. Откако добила државен погреб, таа била уште еднаш почастена кога гласачите ја реизбрале за Конгресот - место кое било пополнето со жив кандидат неколку месеци подоцна, по специјални избори.