Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
    • Архива
    • Читанка
    • Гледанка
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • Архива
  • Читанка
  • Гледанка
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Bookbox › Набрзинка

Вордле станува друштвена игра

18 јули 2022
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Њујорк Тајмс, која ги има правата на „Вордл“ се здружува со компанијата Хасбро за да направат друштвена игра инспирирана од оваа популарна онлајн игра со зборови. Играта ќе се вика „Вордл: Игра за забава“ и според креаторите ќе понуди „класичен Вордл но на сосема поинаков начин“.
  • Правилата на „Водл: Игра за забава“ ја задржуваат препознатливоста на оригиналната онлајн игра – секој од играчите ќе има шест шанси да погодат збор од пет букви низ помош претставена преку обоени коцки (жолта боја доколку буквата е во зборот, но на погрешно место, или зелена доколку буквата е на точно место).
  • Играта ќе има четири верзии – брза, на време, тимска или класична. Класичната верзија ќе ги спротивстави играчите еден против друг во обидите да го погодат зборот даден од „Вордл домаќинот“. Врзијата базирана на време или брзата варијанта ќе бидат ограничени со одреден временски период во кој играчите треба да го решат зборот, додека тимската верзија е веројатно најразлична од оригиналната игра – со тоа што играта ќе ја играат двајца на двајца.
извор

Иво Бару е победник на државното првенство во Катан и оди за Португалија

28 септември 2026
  • Share
  • Post
  • Вчера, 27 септември, Иво Бару ја освои титулата на „Државното првенство во Катан 2026“. Шампионатот се одржа во новоотворениот простор за друштвени игри „Рулбук“ во Скопје, а турнирот беше организиран од „Гоблин“. На масите се собраа 64 играчи, кои повеќе од десет часа се натпреваруваа за титулата најдобар играч на „Catan“ во земјава.
  • Победата има и дополнително значење бидејќи со неа Бару добива можност Македонија да ја претставува на европската сцена. Како национален шампион, тој ќе настапи на CATAN European Championship 2026, кое во ноември ќе се одржи во Португалија. Според официјалниот систем на CATAN, националните првенства се патот преку кој играчите се квалификуваат за меѓународните натпревари, а шампионите добиваат можност да се борат со најдобрите играчи од другите земји.
  • Иво има пишувано во нашата подрубрика Букбокс друштвени игри, осврт под наслов „Фотосинтеза или како да не бидеш 'дрво' за садење дрвја“.
извор

Чуму слобода?: фестивал Букстар од 28-30 септември во Скопје

23 септември 2026
  • Share
  • Post
  • Од 28-30 септември на повеќе локации во Скопје ќе се одржи 12-тото издание на фестивалот Букстар. Тој оваа година го отвора прашањето ЧУМУ СЛОБОДА? односно FREE AT LеAST?, инспирирано од зборовите на Мартин Лутер Кинг Јуниор: „Никој не е слободен сè дури сите не сме слободни“. Во време кога границите – видливи и невидливи – повторно се појавуваат околу нас, книжевноста останува простор во кој БАРЕМ мислата може да се движи без ограничувања, велат организаторите од издавачката куќа „Антолог“.
  • На 28 септември од 18:30 во Лабораториум ќе се одвива разговор со неколку македонски писатели со модераторката Фросина Пармаковска на тема „Од робот до четбот: дискусија за ерата што доаѓа“. 
  • На 30 септември во Europe House во Скопје, со почеток од 16 часот ќе се одржи мал омаж во кој уредници на четири издавачки куќи и познавачи на творештвото на неодамна починатата иранска авторка Марџан Сатрапи ќе се осврнат на нејзиното творештво, а модератор ќе биде Ивица Дукоски. Истата вечер од 19 часот е предвиден разговор со Ѓузел Јахина, авторка на „Зулехја ги отвора очите: патување во еден книжевен универзум“. 
  • Помеѓу гостите на фестивалот е и најчитаниот шпански автор Елој Морено. Во 2025 година, заедно со илустраторот Давид Сиера, тој ја објави „Новото патување на Малиот принц“, продолжение на „Малиот принц“. Покрај тоа, шпанскиот автор на 8 февруари 2025 година го собори Гинисовиот светски рекорд за најмногу потпишани книги во 12 часа, со неверојатни 11.088 потпишани книги. 

Целосната програма и списокот на учесници се достапни на социјалните мрежи на Антолог.

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Bookbox
1

Наш Вилипче ги потепа Шкотите со ракија и макало

Разно
2

Никола Јокиќ, глич во НБА Матриксот

Видео
3

Самоил и дупките

Балканштина
4

Владимир Крстевски: Цена? Права ситница!

5

Туѓото лесно се подарува

Балканштина
6

Мирисот на Мосад

Разно
7

Поетски толкувања

Балканштина
8

Да стане Самоил и да се труди наместо вас?

Разно
1

Како луѓето прекинувале контакт со семејството во 18 век?

Bookbox
2

Кога сакале да создадат куче-супермен

Bookbox
3

Што е најблагото нешто на светот?

Bookbox
4

Што се случило кога Дали го запознал Фројд?

Bookbox
5

Како цензурата помогнала да се создаде „Зона на самракот“?

Bookbox
6

Тајниот прирачник на ЦИА за трикови и измами

Bookbox
7

Батерија од хартија што може да се голтне и да напојува медицински уреди во телото

Bookbox
8

Иво Бару е победник на државното првенство во Катан и оди за Португалија

* за последни 24 часа

Локалности

Разно

Наш Вилипче ги потепа Шкотите со ракија и макало

Балканштина

Самоил и дупките

Балканштина

Поетски толкувања

Балканштина

Туѓото лесно се подарува

Македонштина

Зденка цела да е

Македонштина

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Запознајте го Отец Џон Мисти

Ресенски стап за селфи™

Шепкачот

Што е тоа „пријател“?

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy