Сашо Прокопиев: За четворицата македонски книжевни великани
18 ноември 2021
- Мина еден век од раѓањето на неколкумина македонски книжевни мајстори, речиси врсници: Славко Јаневски (1920), Блаже Конески (1921), Коле Чашуле (1921) и Ацо Шопов (1923). Ваквата појава, неколку значајни автори да се родат во толку збиен хронолошки миг, е редок и за поголеми книжевности.
- Согласно нивните функции во книжевниот и социјалниот живот тие можат да се толкуваат преку фигурите на Трибунот, Кловнот, Хронистерикот и Поетот-номад. Тоа ги подразбира спецификите на нивното дело, но и начинот на кој се поставувале кон сопствената општествена улога, особено во однос на власта.
- Чест е, и среќа, за една национална книжевност да слави 100-годишнина од раѓањето на четворица автори од ваков ранг, чии дела се ослободени од провинцијализам, пишувани на македонски јазик но со универзален карактер.