- Кога луѓето престанале да бидат номади, веќе не можеле просто да ги остават изметот зад себе. Од тогаш до денес се бориме со овој проблем - секаде каде што сме ние, таму се видливите (и миризливи) траги на функционирањето на нашиот систем за варење.
- Некои од нашите предци креирале „места за какање“ вон селото, или зад грмушките или под дрјвата. Други оделе близу реките, за изметот да го носи водата (а може и за инет на селаните во селото подолу). Сè додека населбите биле мали ова функцонирало, но кога малите села прераснале во градови, кога полињата и шумите се смалиле...е тогаш изметот навистина почнал да смрди.
- Инженерскиот одговор на оваа ситуација била водата. Миноанците се сметаат за заслужни (или виновни) за тоа што го научиле човештвото да го исфрлаат изметот во канализација, односно во подземна вода. Но голем број канализациски системи кои ги користиме денес постојано ги загадуваат водите, и придонесуваат за токсични цветања на алги и уништување на крајбрежните мочуришта.
- Во вторник, 28 јули од 20:30 часот во Сули-ан ќе биде промовирана поетска антологиja, подготвена од проф. д-р Иван Џепароски, која обединува избрани творби од македонски и странски автори посветени на Скопje и неговата мемориja. Проектот е надополнет со фотографиите на Сашо Алушевски, кои преку визуелен jaзик сведочат за архитектонското наследство што го преживeaло земјотресот.
- Фотографската изложба опфаќа триесетина фотографии и претставува лична авторска интерпретациja на Скопje како простор во кој минатото и сегашноста постоjaно се преплетуваат. Низ фотографиите се отвораат асоциjaции за времето, сеќавањaта, насобраните конотации и симболите што со децении се таложеле околу градот и неговите обjeкти.
- Посебно место во изложбата имаат фотографии кои се изработени со посебна техника така што под дejство на сончевата светлина со текот на времето постепено ќе исчезнат, метафора за Скопje кое полека го менува своjот лик. На тоj начин, изложбата не е само навраќање кон сеќавањето на земјотресот од 1963 година, туку и размислување за современото Скопje, неговите трансформации и постепеното исчезнувањe на делови од неговиот препознатлив урбан идентитет.
- Утре ( 26 јули) во 20: 30 часот, во Музејот на Град Скопје ќе се отвори изложбата „Архив на тага: Скопје 1963“, со фотографии на етномузиколог и фоклорист Васил Хаџиманов од тажачките обреди по земјотресот. Монографијата „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963 година“ од Ана Мартиноска и Жарко Иванов беше промовирана во декември 2023.
- Веднаш по земјотресот во Скопје на 26 јули 1963, Хаџиманов со касетофон ги снимал тажачките песни или редачките на гробиштата на погребите на загинатите, потоа нотно и текстуално ги запишувал, а овие белешки и снимки стоеле долго во архивата на МАНУ, каде што ги однел неговиот син Зафир.
- Утре покрај изложбата, ќе биде промовирано и дополнетото и двојазично (на македонски и англиски) издание на книгата „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963 г. (Од архивските материјали на Васил Хаџиманов)“. Настанот се одвива во знакот на одбележувањето на 120-годишнината од раѓањето на Васил Хаџиманов.