Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
    • Архива
    • Читанка
    • Гледанка
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • Архива
  • Читанка
  • Гледанка
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Bookbox › Набрзинка

Па прејако!

17 октомври 2023
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Во стилот на она „може сум неодлучен, а може и не“, Христо Петрески повторно поднел оставка од позицијата претседател на ДПМ. 
  • За оние кои до сега не ја следеле сагата поврзана со Друштвото на писателите на Македонија, тој прв пат поднесе „неотповиклива“ оставка на 9 октомври поради наводни здравствени причини, а пет дена подоцна ја повлече поради исто така наводни притисоци, уцени и закани.
  • Со оглед на тоа што активностите во ДПМ никогаш не биле повозбудливи, со нетрпение го очекуваме продолжението. „Ја повлече поднесената оставка која претходно беше повлечена откако неотповикливо беше поднесена?“
извор

Промовиран реобјавениот „Абецедар - сто години потоа“

15 декември 2025
  • Share
  • Post
  • Се навршуваат 100 години откако во Атина, на барање на Друштвото на народите од Женева, во 1925 година бил објавен „Абецедар“ за учениците Македонци од Егејскиот дел на Македонија. Тој никогаш не влегол во употреба поради негаторските политики на соседите кон македонскиот идентитет. На ова беше уште еднаш потсетено на промоцијата на реобјавеното издание, „ Абецедарот- сто години потоа“, која се одржа на 13.12.2025 на Универзитетот „Скопје“.
  • „Абецедарот е напишан на латиница. Веројатно тоа е грчки маневар повторно за да се избегне бугарската и српската кирилица. Бидејќи и Бугарите и Србите барале заштита на своето малцинство во Грција. А, Грците тврделе дека не се работи ниту за бугарско, ниту за српско малцинство, туку за автохтоно славоговорно население, како што тоа го викале, бидејќи одбегнувале да употребат некаков епитет македонски“, изјави на настанот историчарката Виолета Ачковска.
  • Транскрипцијата во новото, преобјавено издание на „ Абецедарот“, од латиница на кирилица ја направи професорката Елка Јачева- Улчар. Според неа, во оригиналот од пред 100 години се користел дијалект што во творештвото го применувал  Крсте Мисирков. Неговата основа е од западниот дел на леринско- битолските говори, а акцентот е на третиот слог, од крајот на зборовите. 
извор

Фото-изложба „Светлосна дисциплина“ во КИЦ

5 декември 2025
  • Share
  • Post
  • Зрно фестивал годинава ја завршува со впечатлива изложба на двајца професори од Академијата за уметност од Нови Сад. Таа ќе се одржи во сабота, 6 декември, во 19.30 часот, во салата Империјал 2, во КИЦ-Скопје.
  • Во единството на делата на Јелена Ковачевиќ Воргучин и Предраг Узелац се отвора расправа за природата на трагите што ние луѓето ги оставаме. Узелац ги фаќа лицата на секојдневието во сребро, во материја што тврдоглаво памти, како да го штити она што светот лесно би го заборавил без аплауз — лицата на привидно обични луѓе со скриени подвизи, водени од сопствена етика, скромно, претставувајќи контрапункт на јавното мислење и наметнатите, непроверени вредности на современото општество.
  • Јелена, напротив, ги прилепува сликите за тревата, во ткиво што ја прима светлината како космичка храна, каде хлорофилот го чува споменот на мајката онолку долго колку што природата му дозволува да ја предизвикува судбината на сеќавањето. Во нивниот диптих се среќаваат две вистини: потребата и немоќта животите да се сочуваат од заборав…Среброто и тревата, постојаноста и исчезнувањето, човекот и сеќавањето — сè се среќава во вечното прашање: што од светлината останува, а што се враќа во нејзината тишина.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Bookbox
1

ФФМ го одложи изборот за селектор поради изјавата на Миленко

2

Патник од англиската работничка класа во Скопје

Разно
3

Исповед и реакција

Балканштина
4

Македонија, накратко: 300 куќи - 10 луѓе

Разно
5

Казни за Орце, Данела и другите кои не пријавиле имот во ДКСК

6

Медиумско пакетче

Медиуми
7

РК Вардар 1961 ќе се враќа во својот некогашен дом во „Расадник“

8

По мирот со Русија, Украина ќе мора да спречи граѓанска војна

Свет
1

Кој е физичарот од Ем-ај-ти кој беше убиен во својот дом?

Bookbox
2

Пржена камила, чорба од кенгур: божикната вечер кога Парижаните од зорт ја изеле својата зоолошката градина

Bookbox
3

Психијатарот кој ги проучувал нацистичките челници по Втората светска војна

Bookbox
4

Ново домашно милениче - чајна габа

Bookbox
5

Футуристите и нивната моќ не само да го предвидат, туку и да го обликуваат светот

Bookbox
6

„Мечка“ е јапонско канџи на 2025-та

Bookbox
7

Промовиран реобјавениот „Абецедар - сто години потоа“

8

Вистинската приказна за сопственичката на италијанското еротско списание „Плејмен“

Bookbox
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Исповед и реакција

Медиуми

Медиумско пакетче

Балканштина

Звучно предупредување

Балканштина

Жени во ПМС

Македонштина

Да не каже некој дека нема шајка заковано во кочанската болница

Македонштина

Треба брза соба?

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Бурек, Бени, Зељаница

Либералите извршија предавство на либерализмот

Падна режимот, но ЗНМ се неуморни

Сашо Мијалков - Лиам Нисон

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2025 off.net.mk |  Privacy Policy