- Градоначалникот на Скопје Орце Ѓоргиевски и неговата претходничка Данела Арсовска, ќе треба да платат казна (од 300 до 500 евра) бидејќи не поднеле изјава до Комисијата за спречување на корупција за имотот што го поседуваат, пред и по нивното доаѓање на функцијата, со цел да се види дали и колку се збогатиле. Новиот скопски градоначалник не доставил анкетен лист ниту кога си заминал од општината Кисела Вода, за што имал рок од триесет дена.
- На листата на луѓе кои не ја исполниле законската обврска се уште 16 градоначалници.
- Кабинетот на Ѓорѓивески вели дека тој не успеал да го поднесе анкетниот лист поради интензивни работни обврски поврзани со преземањето на новата функција и дека тоа ќе го стори во наредните денови.
- Испораките на сурова нафта преку Ормускиот проток во изминатата недела се приближија речиси до нивото пред војната на САД со Иран. Разликата е што американската поморска блокада не дозволува транспорт на иранска нафта.
- Според податоци на Kpler, седумдневниот просек на транзит во понеделникот достигнал 13,5 милиони барели на ден, колку што бил и во февруари од земјите од Персискиот залив, без Иран.
- Извозот на Саудиска Арабија од 6,4 милиони барели на ден го надминал просекот од 5,4 милиони барели во 2025 година. Дел од својата нафта Саудијците извезуваат и преку Црвено Море.
- Сепак, глобалната криза со гориво продолжува бидејќи протокот на рафинирани нафтени производи е 677.000 барели на ден, за разлика од 3,6 милиони барели пред да почне војната.
- Русија и Кина објавија забрана за извоз на дизел. Со забрана за извоз се закани и американскиот претседател Трамп, кој ги притиска европските земји да почнат да ги користат своите стратешки резерви на гориво за да ги спуштат цените на бензинските пумпи.