Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
    • Архива
    • Читанка
    • Гледанка
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • Архива
  • Читанка
  • Гледанка
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Bookbox › Набрзинка

Македонско вино во Алан Форд

10 јули 2023
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Во хрватски превод на епизодата број 571 на култниот Алан Форд, насловена „Лудост“, јунаците решаваат интриги во измислената европска микродржава Баронство Баварија, која е слична на Кнежевството Лихтенштајн. Во еден момент, еден од ликовите, со цел да натера локален поп – пијаница да соработува, му нуди поткуп со шише – „вино од Тиквеш“.
  • Епизодата во Италија за прв пат била објавена во јануари 2017 година, по сценарио на Макс Бункер и со цртеж на Дарио Перука. Од пред неколку дена увезеното издание е достапно и во одделни македонски продажни места.
  • Може да се очекува дека во оригиналното, италијанско издание се реферира на некое сосем друго вино, бидејќи една од тајните на долгогодишната популарност на овој стрип, уште од првобитното издание на  „Вијесник“ од Загреб (1971), е креативниот превод, кој не се држи слепо до оригиналниот текст. Во изданието не е достапна информацијата дали станува збор за реклама или едноставно за пофалба на македонското вино и прилагодување на вкусот на читателите и винопијците од регионот. 
извор

„Скопje 63/63″: поезиja и фотографиja во спомен на земјотресот од 1963 година

27 јули 2026
  • Share
  • Post
  • Во вторник, 28 јули од 20:30 часот во Сули-ан ќе биде промовирана поетска антологиja, подготвена од проф. д-р Иван Џепароски, која обединува избрани творби од македонски и странски автори посветени на Скопje и неговата мемориja. Проектот е надополнет со фотографиите на Сашо Алушевски, кои преку визуелен jaзик сведочат за архитектонското наследство што го преживeaло земјотресот. 
  • Фотографската изложба опфаќа триесетина фотографии и претставува лична авторска интерпретациja на Скопje како простор во кој минатото и сегашноста постоjaно се преплетуваат. Низ фотографиите се отвораат асоциjaции за времето, сеќавањaта, насобраните конотации и симболите што со децении се таложеле околу градот и неговите обjeкти.
  • Посебно место во изложбата имаат фотографии кои се изработени со посебна техника така што под дejство на сончевата светлина со текот на времето постепено ќе исчезнат, метафора за Скопje кое полека го менува своjот лик. На тоj начин, изложбата не е само навраќање кон сеќавањето на земјотресот од 1963 година, туку и размислување за современото Скопje, неговите трансформации и постепеното исчезнувањe на делови од неговиот препознатлив урбан идентитет.
извор

Изложба на фотографии од тажачките кои етнологот Васил Хаџиманов ги снимил по скопскиот земјотрес

25 јули 2026
  • Share
  • Post
  • Утре ( 26 јули) во 20: 30 часот, во Музејот на Град Скопје ќе се отвори изложбата „Архив на тага: Скопје 1963“, со фотографии на етномузиколог и фоклорист Васил Хаџиманов од тажачките обреди по земјотресот. Монографијата „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963 година“ од Ана Мартиноска и Жарко Иванов беше промовирана во декември 2023.
  • Веднаш по земјотресот во Скопје на 26 јули 1963, Хаџиманов со касетофон ги снимал тажачките песни или редачките на гробиштата на погребите на загинатите, потоа нотно и текстуално ги запишувал, а овие белешки и снимки стоеле долго во архивата на МАНУ, каде што ги однел неговиот син Зафир.
  • Утре покрај изложбата, ќе биде промовирано и  дополнетото и двојазично (на македонски и англиски) издание на книгата  „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963 г. (Од архивските материјали на Васил Хаџиманов)“. Настанот се одвива во знакот на одбележувањето на 120-годишнината од раѓањето на Васил Хаџиманов.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Bookbox
1

Ниедна ни се нема удавено

Балканштина
2

Зошто картографите вметнувале непостоечки градови во своите мапи?

Bookbox
3

Фиго: „Сум видел многу нешта во кариера, ама лажлив и користољубив однос како на Инфантино немам видено“

4

Колку луѓе ѝ се таман на планетата до 2200 година?

Разно
5

Косовска Star Wars свадба

Балканштина
6

Никој не виде како ракетата на SpaceX удри во Месечината

7

Крокодилите поважни од палестинските затвореници

8

Барате графички дизајнер?

Балканштина
1

Зошто картографите вметнувале непостоечки градови во своите мапи?

Bookbox
2

20-годишниот проект на еден фотограф да го регистрира секое животно на планетава

Bookbox
3

Од богот Пан до паника

Bookbox
4

Од трпезата на Хомер: осврт за Нолановата „Одисеја“ на наша класичарка

Bookbox
5

Се сеќавате на изразот „тандара броќ“?

Bookbox
6

Како е да си краставица?

Bookbox
7

„Народна табла“ - како Француската револуција го измислила првиот билборд

Bookbox
8

Како го гледав „Одисеја“ во грчко летно кино

Bookbox
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Косовска Star Wars свадба

Балканштина

Барате графички дизајнер?

Балканштина

Ниедна ни се нема удавено

Македонштина

Автомеханичарски Мастерклас

Балканштина

Спомени од пеколот

Балканштина

Дали глуп човек може да слуша добра музика?

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Номен ест Натали

Македонија игра на долги патеки

Цел свет, дигитално орвелијанско Кратово

„Не биди во опозиција, затоа што ти не си наспроти“

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy